<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":370,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=370"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план


·   Во зони со утврден ризик од пожари на отворен простор, задолжително да се вградуваат
    мерки за рано предупредување и справување со шумски пожари, во планската
    документација ;

·   Во зони со утврден ризик од појава на земјотреси, задолжителн          а примена на
    националната методологија за дефинирање на сеизмички ризик со соодветни мерки за
    превенција и заштита ;

·   Во зони со предвиден технолошки процес во кој се вклучени опасни материи,
    задолжително да се применуваат мерки за управување и превенција, согласно усвоена
    методологија за управување на ризици од технолошки хаварии   ;

·   Во зони со предвидена рударска (тешка) индустрија, задолжително да се применуваат
    мерки за утврдување, превенција и мерки за заштита на потенцијални зони на ризик од
    рударски несреќи .

·   Изработка на елаборати за заштита од пожари, експлозии и опасни материи за секој нов
    или објект за кој се предвидува реконструкција.

·   Обезбедување на капацитет на градската водоводна мрежа и водоводните инсталации
    во и околу објектите за гаснење на пожари;

·   Обезбедување доволна оддалеченост на објектите од аспект на спречување на
    пренесување на пожар од еден на друг објект и простор за пристап и маневрирање на
    противпожарни возила со проектирање на доволно широки патишта и улици, со
    потребна носивост и проточ ност;

·   Обезбедување оддалеченост на станбените и јавни зони од индустриските зони и објекти
    за специјална намена, посебно доколку се користат лесно запаливи цврсти материи,
    течности, гасови и експлозивни материи;

·   Задолжително планирање на локации за засолништа на локално ниво.

·   Задолжително обезбедување на податоци, информации и мислења од Министерството
    за одбрана при изработка на планска документација на сите нивоа на планирање.

·   Планирањето во или непосредно до зоните со ограничена слобода на движење, да се
    реализира под мониторинг и контрола на Министерството за одбрана.

·   Синхрониза ција со плановите на одбраната преку вклучување на Министерството за
    одбрана и Армијата при планирање, проектирање и измени на следните намени:

-   сообраќајните коридори (патни и железнички)  ;

-   урбан простор,

-   водните акумулации,

-   каналите за наводнување и одводнување,

-    регулацијата и чистење на реките,

-   електричните централи (хидроцентрали, фотоволтаични, ветерници и други електрани
    од обновливи извори на енергија),

-   цевководите (гасоводи и нафтоводи),

-   депониите,

-   пречистителните станици,

-   експлоатацијата на минерали (рудници),




                                                                              318
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":370}>>>
