<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":369,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=369"}>>>
               Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план


       ·   Обезбедување сообраќаен пристап до недвижното културно наследство во подрачјата
       каде што тоа е возможно и не ги нарушува природните вредности и пределските
        карактеристики на регионот  ;

       ·   Зачувување и рехабилитација на историската матрица на споменичката целина и
        автентичноста на заштитените добра во планска документација за градски или селски
       споменички целини ;

       ·   Почитување на принципот на интегрирана заштита при воведување нови функции во
        заштитените подрачја и постигнување хармонија меѓу намената и просторните
       можности на споменичките добра и наследените јадра, преку обезбедување на
       мултифункционална искористенос  т;

       ·   Зачувување на структурата и типологијата на наследените историски објекти со цел да
        се спречи губењето на просторниот идентитет   ;

       ·   Задолжителна теренска проспекција на подрачја, со цел евентуално откривање и
        просторна идентификација на познати/ евидентирани и/или нови археолошки
       наоѓалишта ;

       ·   Забрана за реализирање новоградби, сообраќајници и други инфраструктурни проекти,
        како и вршење земјени или други градежни работи на простори за кои има сознание за
       постоење археолошки наоѓалишта без да се извршат археолошки истражувања     ;

       ·    Строго почитување на одредбите и мерките за заштита на Светското природно и
        културно наследство на Охридскиот Регион и културното наследство со исклучителна
       универзална вредност кое може да биде запишано на Листата на светско наследство на
       УНЕСКО;

       ·   Разв ој на одржлив туризам базиран на економскиот и културниот потенцијал на
        културното наследство, контролирана крајбрежна трансформација на Преспанското,
        Дојранското и особено Охридското Езеро, воспоставување на алтернативен туризам,
        контрола врз концесионирање то и влијанијата врз културното наследство од развојот н а
        туризмот.

7.2.16. Природни непогоди  , техничко -технолошки хаварии и воени разурнувања

       ·   Во зоните со утврден ризик од поплави да се изработ уваат мапи на приказ на ризикот од
       поплави на сите нивоа и да се предвид уваат соодветни мерки за превенција и заштита  ;

       ·   Во зоните со утврден ризик од суши да се предвид     уваат мерки за заштита согласно
        усвоената регулатива за интегрирано управување со суши    ;

       ·   Во зони со утврден ризик од снежни намети, лавини и луњи да се применува
       стандардизиран пристап за анализа на мулти хазарди на национално и локално ниво и
       да се предвид уваат соодветни мерки за превенција и заштита  ;

       ·   Планирање на заштитни шумски појаси и снегобрани, долж железничките пруги;

       ·   Примена на конструктивни и био  -инженерски мерки за заштита при изградба на сите
        патни правци, железнички линии, ПТТ сообраќај и преносна електрична мрежа;

       ·   Во зоните со утврден ризик од одрони и свлечишта да се применува методологија за
       управување на свлечиштата на државно, регионално и локално ниво и да се предвидат
       соодветни мерки за превенција и заштита  ;



                                                                                  317
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":369}>>>
