<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":368,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=368"}>>>
               Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план


       Буковиќ -Сува Гора, Јакупички карстен систем или карстен систем на масивот Мокра,
        Јабланички карстен систем и др.;

      ·   Планирањето на новите мали хидроцентрали (надвор од заштитени подрачја) во
        просторот да се базира на климатските сценарија за намален протек и проценка на
       придобивките од енергетски аспект споредбено со последиците врз животната средина;

      ·   Зајакнување на климатската отпорност на критичната инфраструктура, преку проценка
       на ранливоста на климатски промени на браните, мостовите, патиштата, железниците и
        енергетските системи;

      ·   Имплементација на мерки за зајакнување на инфраструктурата во зони со зголемен
       ризик од поплави, свлечишта и екстремни температури, со цел намалување на
       долгорочните економски штети и зголемување на сигурноста на системите кои се од
       витално значење за Држа вата.

7.2.14. Заштита на природата

      ·   Интегрирање на биолошката, геолошката, геоморофолошката и пределската
        разновидност,  како и концептот на екосистемски услуги во развојните стратегии,
       планови и програми на национално, регионално и локално ниво  ;

      ·   Примена на пределен пристап и неговите основни принципи при изработка и
       спроведување на плански решенија во заштитени подрачја и подрачја кои се предлагаат
        за заштита ;

      ·   Почитува ње на режимите за заштита согласно зонирањето од Актот за прогласување на
       заштитените подрачја и Плановите за управување   ;

      ·   Забрана за изградба на мали хидроцентрали во заштитени подрачја    ;

      ·    Значајните подрачја кои влегуваат во поголемо заштитено подрачје, да се означат како
       енклави во просторот , за кои ќе се почитува повисокиот режим на заштита.

7.2.15. Културно наследство

      ·   Задолжително почитување на     утврдените граници на заштитените подрачја       во
        планската документација;

      ·   Усогласување/вградување на границите на споменички целини од културно наследство
       утврдени со акти за прогласување, со г  раниците на планските опфати   , при планирање
       во подрачја со културно наследство;

      ·   Идентификација на главните фактори за ранливоста на културното наследство
        (историски урбани и рурални целини, археолошки локалитети)   , со цел за намалување на
        визуелната загрозеност, како предуслов за опстанок на споменичкото наследство;

      ·   Заштита на пределот преку контролирана урбанизација, контрола врз реализација на
       инфраструктурни проекти и пренамената на земјоделското во градежно земјиште     ;

      ·   Исклучување на можноста за експлоатација на минерални суровини и отварање на нови
       простори за експлоатација, отварање нови каменоломи и сл. без одобрение од
       институции надлежни за работи на заштита на културното наследство    ;





                                                                                 316
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":368}>>>
