<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":367,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=367"}>>>
               Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план


      ·   Да се почитуваат максимално дозволените гранични вредности за нивото на бучава во
       животната средина, при планирање на извори на бучава и  класификацијата на подрачја
       според степенот на заштита од бучава (I  -IV степен);

      ·   Да се почитува географската разместеност на жешките точки и мерките за нивна
        ремедијација, при планирање на новите содржини во просторот;

      ·   Новите инсталации со намена тешка индустрија да се планираат на растојание 5 km од
       населените места ;

      ·   Планирање на регионалните депонии во прекуграничен контекст (усогласување со
        меѓународните);

      ·   При планирање на новите содржини во просторот, да се имаат предвид локациите
       предвидени за изградба на регионалните депонии (односно центри за управување со
        отпад) и претоварните станици  .

      ·   Вградување на мерки за рекултивација и санација на просторот на кој се наоѓаат дивите
       депонии и другите деградирани површини  , во планските одредби на локално ниво.

      ·   Дигитализација на секторот за управување со отпад во сите негови фази    – креирање и
       ажурирање на бази на податоци, планирање и имплементација на проекти и дигитално
       управување на постројките;

      ·   Вклучување  на  приватниот сектор (бизнис заедницата) преку промовирање на
       принципите на циркуларна економија и поврзување на сите фактори кои го оформуваат
       животниот циклус на производите при рециклирање и реупотреба на отпадот кој се
        користи како суровина .

7.2.13. Климатски промени

      ·   Интегрирање на мерките за ублажување на климатските промени и мерки за климатска
        адаптација во развојните стратегии, планови и програми во секторите од областа на
        земјоделството, шумарството, водите, енергетиката, туризмот и останати сектори, на
       национално, регионално и локално ниво ;

      ·   При планирање на новите содржини во просторот     задолжително да се интегрираат
       климатските проекции во фазата на проектирање  и да се предвидат соодветни мерки за
       ублажување , адаптација и засилена отпорност на климатските промени, со посебен
        акцент на изградба на одржлив а и климатски отпорн а инфраструктур а;

      ·   Ограничување на изградбата на нови индустриски капацитети со висока водна
       побарувачка во повардарието, централниот и југоисточниот дел на Државата, како
       региони со зголемен ризик од влијание на климатските промени;

      ·   Спроведување на геоморфолошка експертиза и климатска проверка на стабилноста на
        подрачјата (climate stress  -test) на кои се планира изградба на инфраструктурни објекти
       или други содржини во зони со изразена ерозија, во Источниот регион кој е особено
       подложен на ерозија, свлечишта и слично;

      ·   Ограничување на урбаната експанзија во поплавни рамнини;

      ·   Забрана за активности што можат да ја нарушат инфилтрацијата и квалитетот на
       подземните води во карстните и вододелнички подрачја: Преспа     -Галичица, Бистра  -





                                                                                  315
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":367}>>>
