<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":366,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=366"}>>>
                Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план


7.2.10.  Енергетика и енергетска инфраструктура

       ·   Планирањето на  магистралните енергетски водови во прекуграничен контекс       т (со
       надоврзување на меѓународните траси);

       ·   Примена на принципите на циркуларната економија и поврзување на сите фактори кои
         го формираат животниот циклус на енергетската опрема: инсталирање, користење и
       можности за складирање и рециклирање на амортизирана опремата   ;

       ·   Заштита на планираните коридори за енергетска инфраструктура (преносни и
        дистрибутивни водови) при урбанизација на просторот и изградба на нови објекти    ;

       ·   Избор на локации за производство на електрична енергија од мали хидро електрични
       централи и дефинирање на техничките услови за нивно поврзување на
        електроенергетскиот систем, согласно принципите на заштита на природната околина и
       еколошките стандарди ;

       ·   Избор на локации за централи од обновливи извори на енергија кои се непогодни за
       користење како земјоделски површини (над 4 класа) и забрана за пренамена на
        земјоделско земјиште во градежно;

       ·   Избор на локации за изградба на ветерни електрични централи со процена на нивното
        влијание на околинатa   , особено на населените места, поради појавата на фликер и
        бучава;

       ·   Локациите за изградба на складишта за природен гас во населените места да се
       дефинираат со планска документација за населби.

7.2.11. Телекомуникации и телекомуникациска инфраструктура

       ·   Поставување на примарната и секундарна телекомуникациска инфраструктура долж
       државни и локални патишта, паралелно со останати транспортни траси (пр. гасоводи,
       нафтоводи итн.) ;

       ·   Избор на локации за надземни комуникациски објекти (нови радио предаватели, базни
        станици, поштенски единици, и т.н.) и подземни комуникациски линкови (оптички кабли,
        коаксијални кабли, итн.) во рамките на планските решенија за намена на земјиштето    ;

       ·   Задолжително обезбедување на пристапна комуникациска инфраструктура (жичена или
       безжична 56), при планирање на нови објекти (станбени, деловни, угостителски, итн.).

7.2.12. Животна средина

       ·   Примена на принципот создавачот и/или поседувачот на отпадни материи и емисии ги
        сноси сите трошоци за санација на настанатата штета во животната средина     ;

       ·   Забрана за изградба на постројки и објекти, кои опфаќаат преработка, постапување,
        складирање, отстранување или транспорт на опасни материи и супстанции и цврст или
        течен отпад во крајбрежни појаси;

       ·   При планирање на новите содржини во просторот да се има предвид степенот на
        загаденост на почвите  ;




       56 Само во случај каде ситуацијата не дозволува инсталација на жичен пристап


                                                                                  314
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":366}>>>
