<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":365,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=365"}>>>
                Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план


       ·   Забрана за  изградба на инфраструктурни и други видови на објекти на подрачја со
        изградени или планирани системи за наводнување и одводнување   ;

       ·   Зачувување на просторот   (резервирање на  коридори) за изградба на предвидените
       доводи за вода за водоснабдување и наводнување посебно за магистралните и
        регионалните доводни органи ;

       ·   Зачувување на хидротехничката инфраструктура на системите за одводнување и
        заштита од поплави, со забрана на изградба на инфраструктурни и други видови на
        објекти кои ќе ја оневозможат нивната функција:

       ·   Забрана за изградба на индустриски и други објекти кои создаваат отпадни води со
        високи концентрации на загадувачки материи, во сливовите на изворите и акумулациите
       кои се предвидуваат за водоснабдување на населението и за наводнување;

       ·   Третман и довед  ување на квалитетот на водите      во согласност со релевантната
        регулатива .

7.2.9.2.  Водостопанство и хидротехничка инфраструктура

       ·   При планирање  на системите за снабдување со вода за пиење, п      риоритет да има
       користењето на локални извори;

       ·   Користење на п одземните води со најдобар квалитет само за снабдување на населбите
       и индустрии кои имаат побарувачка за вода  со квалитет на водата за пиење  ;

       ·   При зафаќање на вода, задолжително обезбедување на проток еднаков или поголем од
        еколошкиот, за секоја делница од водотекот;

       ·   Експло атација на подземните води на начин кој не го загрозува квантитативниот статус
       на водните тела;

       ·   Користење на повеќенаменски каналски системи  во подрачја со квалитетните земјишни
        ресурси каде мора да се користат транзитни води;

       ·   При зафаќање на вода за индустриски потреби, задолжително          почитување на
        регулативата за интегрирано спречување и контрола на загадувањето     ;

       ·   Задолжително корист ење на рециркулаторни системи  за ладење, што е  од особено
       значење при изразени климатски промени  ;

       ·   Обезбедување на снабдување на населбите,  базните индустрии и термоелектраните  со
       вода во висина од 97 -98% во регионалните системи,  95% за помалите водоводи и 70  -
      80% за системите за наводнување    , а во периоди на рестрикција, испорачана количина
       не помала од 70% во однос на бараната количина (коефициентот на редукција е  ω ≥ 0,7);

       ·   При изградба на акумулации, задолжително да се обезбедат пропишаните еколошки
       протоци низводно од акумулациите и водозафатите, за нормален развој на водните
        екосистеми, зачувување на биодиверзитетот  ;

       ·   Вградување на водостопанските услови за рационализација на потрошувачката на вода
       и повеќекратно рециркулационо користење на пречистените води во планските
        решенија.





                                                                                  313
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":365}>>>
