<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":363,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=363"}>>>
               Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план


      500 –800m од зоната на домување. Орентационата површина е 8     -10m2 по ученик за
       развиена површина на    објектот и најмалку 20  -25m2 по ученик за комплексот на
      училиштето кај постојни училишта и 30 -50m² за новопланираните училишта  ;

     ·   Средните училишта да се планираат со капацитет кој ќе овозможи изведување на
       настава во една смена. Орентационата површина е 8     -10m2 по ученик за развиена
      површина на објектот и најмалку 20 -25m 2 по ученик за комплексот на училиштето  ;
     ·   Високото образование да се планира со норматив 14 -18m2 по студент ;

     ·   Основни нормативи за планирање на здравствени објекти се: 6 кревети на 1000 жители,
      минимум 8m 2 по болнички кревет и мин имум 80m 2 по кревет за градежната парцела.

7.2.6. Економски развој

     ·   На планираните површини за деловна намена во рамки на планските опфати на
       населените места, да се дозволува алокација исклучиво на дејности што не генерираат
       негативни ефекти во непосредното окружување (бучава, зголемување и конгестија во
       сообраќајот, како и загадување на водата, воздухот и почвата) и по здравјето на луѓето;

     ·   Примена на cost benefit анализа за оценка на ефикасноста и ефективноста на
      предложените плански решенија, при планирање на површини и зони за стопанска
       намена;

     ·   Дополнување на правната регулатива со која се уредуваат комуналните дејности и
      обезбедувањето комунални услуги, особено во поглед на создавање предуслови за
      поширока примена на меѓуопштинската соработка;

     ·   Воспоставување дополнителна правна основа за поттикнување на индустрискиот развој
      во правец на повисока енергетска ефикасност, како и стимулирање повисоко ниво на
      инвестиции во циркуларната економија и во ниско -јаглеродно производство  .

7.2.7. Туризам

     ·   Валоризација на најзначните природни и создадени туристички вредности за
      обезбедување на квалитетна туристичка понуда за странски и домашен туризам;

     ·   Подобрување на целокупната инфраструктура и инфраструктурното опслужување на
       туристичките локалитети, во функција на развој на туризмот;

     ·   Определување на капацитетите на туристичките простори со цел планирањето на
      одржлив туризам и заштита на животната средина;

     ·   Задолжително почитување на вредностите на руралните средини и нивната
       автентичност, со цел промоција на културно      -историските вредности и развој на
       туристичките активности во руралните подрачја;

     ·   Доследно почитување на препораките и насоките за начинот на користење на просторот
      во заштитените подрачја и подрачјата предложени за заштита согласно дозволените
       туристички активности во одделните зони:

     ·   При изборот на туристички активности, приоритет да се стави на акт    ивностите кои не
       предизвикуваат деградација, односно оптимално користење на просторот без негово
      целосно искористување.




                                                                                 311
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":363}>>>
