<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":362,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=362"}>>>
               Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план


7.2.5.3. Урбан идентитет

      ·   При валоризирање на елементите на урбаната и физичка структура и утврдување на
        просторните целини и нивниот третман во планските документи, да се дефинираат
       критериуми за оценување кои одговараат на нивото на набљудуваната целина (зграда,
       парцела со градба , блок, групација на блокови/урбано ткиво, населба, регион, територија
       на државата) ;

      ·   При планирање во подрачја со вреден урбан идентитет плановите за интегрална урбана
       обнова и заштита на урбаниот идентитет да бидат дел од планска документација;

      ·   Утврдува ње на посебни пропозиции во однос на активностите и постапувањето во
       близина на просторната целина со идентификувани просторни вредности, особено во
       поглед на ограничувањата за изградба на    објекти, капацитети и инфраструктура     , кои
      може да ја загрозат и деградираат просторната целина   .

7.2.5.4. Домување

      ·   Површините со намена домување и проекцијата на станбениот фонд да се планираат врз
       основа на демографската прогноза     , да се усоглас  уваат со понудата и потребата на
        пазарот за секое населено место поединечно  ;

      ·   Унапредување на станбениот фонд преку одржување, обнова и пренамена    ;

      ·   При изработка на Генерални урбанистички планови и Урбанистички планови за села, да
        се презентира бруто станбената густина како однос помеѓу бројот на станови и вкупната
       површина на урбаното подрачје, вклучувајќи улици, паркови и јавни простори         , а нето
        станбена густина како однос помеѓу бројот на станови и површината наменета за
       домување (без улици и јавни простори);

      ·   Во одредбите за спроведување на урбанистичките планови да се вклучуваат насоки за
        енергетскa ефикасност на објектите   ;

      ·   Доследно спроведување на забраната за   легализација на станбени објекти подигнати
        без одобрение за градење .

7.2.5.5.  Јавни функции

      ·   При планирање и организирање на јавните функции, да се практикува поврзување,
        соработка и партнерство со вклучување на граѓанските организации, граѓаните и
       локалните заедници ;

      ·   При изработка на урбанистички планови за населените места во периферните зони на
       две или повеќе општини, планирањето на јавните функции да вклучува заеднички
       програми и услуги на меѓуопштинско ниво преку зајакнување на меѓусекторската
        соработка и заеднички те програми на јавните служби, приватниот сектор и здруженијата
       на граѓани ;

      ·   Да се опфатат 70% од децата на предучилишна возраст со целодневен и полудневен
        престој во градинки   , со примена на нормативни:   9m2 бруто површина по дете за
        објектите и 20  m2 по дете за отворените простори (зеленило, игралишта, пристап,
       паркирање на вработени и сл.) ;

      ·   Основните училишта да се планираат со капацитет кој ќе овозможи изведување на
        настава во една смена. Радиусот на оддалеченост за наменски зони за образование е



                                                                                 310
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":362}>>>
