<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":361,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=361"}>>>
                Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план


  7.2.5. Урбан развој

7.2.5.1. Развој на урбаниот систем, систем на населби и центри

       ·   Задолжително изработување и донесување на просторни планови на сите единици на
        локалната самоуправа  ;

       ·   Препозна вање и воспостав ување на урбаните подрачја како основна структурна целина
        во организација на просторот  ;

       ·   Јакнење на урбаните атрибути преку зачувување и унапредување на постојниот
        материјален фонд (инфра и супраструктура) на населбите;

       ·   Обезбедување на компактна и одржлива урбана густина во корелација со
        инфраструктурните, социјалните и еколошките потреби на корисниците;

       ·   Обезбедување на рационално и ефикасно користење на градежното земјиште со
       креирање на стимулативна финансиска и земјишна политика;

       ·   Афирмирање на идентитетот и посебностите на градските населби;

       ·   Подигнување на квалитетот на живеење во приградските (контактни) населби преку
        интегрално планирање на градот и околните населби;

       ·   Подобрување на состојбата во зоните со непланска (бесправна) изградба, нехигиенски и
        субстандардни зони;

       ·   Забрана за приклучување на бесправно изградени објекти на комунална
        инфраструктура;

       ·   Оптимизација на густините во станбените и работните зони, почитување на постојната
        урбана матрица и зголемување на површините под зеленило.

 7.2.5.2. Одржлив п росторен развој и користење на земјиштето

       ·   Дестимулирање на ширењето на градското градежно земјиште, порационално и
        поефикасно зафаќање на продуктивни површини само за намени од висок јавен интерес
        (магистрални инфраструктурни коридори и објекти, производни и други објекти од
       државно значење, заштитни системи и комплекси и сл.);

       ·   Зголемување на застапеноста на слободните јавни површини за сметка на изградените
        станбени и инфраструктурни површини;

       ·   Зголемувањето на густината на градба на постојните градежни парцели, урбана обнова
        (првенствено активирање на кафеавите “brownfield” зони), и ревитализација и
        реконструкција на постоечки објекти во границите на утврдените плански опфати;

       ·   Задолжително планирање на урбанистички параметри: процент на изграденост,
        коефициент на искористеност, бруто и нето урбана густина, како и бруто и нето станбена
         густина во населените места;

       ·   При изработка на Генерални урбанистички планови и Урбанистички планови за села,
        бруто урбаната густина да се пресметува како однос помеѓу бројот на жители и вкупната
       површина на урбаното подрачје, вклучувајќи улици, паркови и јавни простори, а нето
        урбанат а густина како однос помеѓу бројот на жители и површината наменета за
       домување (без улици и јавни простори).





                                                                                  309
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":361}>>>
