<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":360,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=360"}>>>
              Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план


      кои ќе го оневозможат користењето на земјиштето за земјоделска обработка;

     ·   Забрана за одгледување на земјоделски култури на простори на кои е потврдено
       присуство на штетни материи во почвата кои можат негативно да се одразат врз
       здравјето на човекот;

     ·   Унапредување и дополнување на законската основа за земјоделското земјиште во
      државна сопственост, со цел превенирање на негова евентуална пренамена за
      неземјоделски цели (подигање фотоволтаични централи, ветро   -паркови, одгледување
       култури за добивање биого риво, итн.).

7.2.2. Шуми и шумско земјиште

     ·   Забрана за пренамена на шумски површини во градежно земјиште;

     ·   Користење на автохтони (особено п ирорезистентни и сушоотпорни) видови на дрвја, за
      пошумување;

     ·   Забрана за пренамена на опожарените шумски површини во градежно земјиште и
      стимулирање на нивно обновување со нови шумски насади;

     ·   Забрана на употреба на дрвни сортименти од опожарените површини;

     ·   Забрана за изградба на мали хидроцентрали на шумско земјиште;

     ·   Спречување на дефорестација и еколошки промени со големи последици при изведба
      на градежни активности и санација на сите евентуално предизвикани штети.

7.2.3. Минерални ресурси

     ·   Примена на LUP -MR методологијатa, п ри планирање и користење на земјиштето за
      истражување и искористување на минералните суровини   ;

     ·   Задолжително предвидување на мерки за рекултивација  на деградираните површини;

     ·   Утврдување на п  одрачјата за екстракција и рециклирање на критичните метали и
      минерали со планска документација (просторни планови)   .

7.2.4. Демографија

     ·   Проекцијата на вкупното население и густината на населеност да се користат како
      основни показатели за утврдување на капацитетите на просторот за одредени намени     ;

     ·   При утврдувањето на капацитетите во просторот да се респектира индексот на
      демографски ресурси, како показател на демографскиот потенцијал     ;

     ·   Реална проценка на   подрачјата без  демографска иднина,   односно потенцијал за
       ревитализација и конципирање на планските мерки во насока на      хуманизација на
      животот на постојното население  , распределба на функции и услуги кои ќе придонесат
       за подобра функционална врска помеѓу населбите;

     ·   Димензионирање на основни содржини (услуги, функции) во населбите  за задоволува ње
      на потребите на населението од сите аспекти, има   јќи ги предвид специфичностите на
      демографската и социо -економската структура на населението   .





                                                                                308
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":360}>>>
