<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":357,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=357"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план


временската рамка потребни за спроведување на предвидените активности. Програмата
може да се однесува на регулатива (закони, подзаконски акти и сл.), стратегии, планови,
студии, програми, меѓународни договори и програми и други документи преку кои се
спроведува Планот. Програмата ја изготвува    а изработувачот на Планот (Агенцијата за
планирање на просторот), а ја донесува Владата на РСМ.

      Следењето на спроведувањето на Планот се врши преку изработка на    Извештај за
негово спроведување  кој се подготвува за период од 2 години. Извештајот за промените во
просторот е дел од интегралниот систем на планирање на просторниот развој со кој се
воспоставува политика на планирање, организирање, уредување и управување со просторот.

      Со извештајот се валоризира имплементацијата на поставените плански концепции
во сите области утврдени со Просторниот план (и сите просторни планови со кои истиот се
разработува), преку анализа на воспоставените мерки и индикатори. Неусогласеноста или
неспроведувањето на планските решенија е еден од клучните индикатори кои укажуваат на
потреба од ревизија (преиспитување) и евентуална измена на Планот. Податоците кои се
база за изработка на Извештајот се темелат на воспоставените индикатори и се обработени
на ниво на единици на локална самоуправа и интегрирани на ниво на плански региони со што
ќе се овозможи споредливост на планските решенија во одделните области. За ефикасно
прибирање на извештајните податоци од ЕЛС, министерства, и други институции, и
олеснување на работниот процес, потребно е негова целосна дигитализација.

       Услов за ставање во сила на сите останати стратегии и планови од пониско ниво е
добивање на просторна дозвола. Просторната согласност  е акт во кој е изразен степенот на
усогласеност на одделни стратегии и планови од пониско ниво со Просторниот план, како и
мерки кои треба да се спроведат за таа да се постигне. Ја издава надлежното
Министерството за животна средина и просторно планирање,   а ја изработува Агенцијата за
планирање на просторот.

       Таа може да биде:

         · „Потполна усогласеност“, при што постапката за носење на стратегија/ план
      продолжува;

         · „Условена усогласеност“, во случаи кога е потребно менување и дополнување на
       разгледуваната стратегија/ план со цел да се усогласи со решенијата од Планот и

         · „Неусогласеност“, кога не постојат услови разгледуваната стратегија/ план да ги
       почитува решенијата од Планот.

       Хиерархијата во планирањето и спроведувањето на обврската за интегрирање на
насоките од Просторниот план во пониските нивоа на планирање се операционализира по
пат на издавање на извод од просторните планови, во форма на елаборат во кој се
презентираат усл овите за планирање на просторот од сите сегменти на природниот и
општествен развој, обработени во просторните планови; во форма на општи и посебни
одредби, насоки, погодности и ограничувања во развојот. На тој начин се воспоставува врска
помеѓу Просторниот  план како највисок плански документ и планските документи од
пониско ниво (во прв ред урбанистичките). Изводот се изработува во форма на елаборат под
наслов „ Услови за планирање на просторот    “ кој ги содржи општите и посебни одредби,
насоки, решенија и ограничувања од планската документација од повисоко ниво. Елаборатот
услови за планирање освен примарната цел, има значаен придонес и во следење на
спроведувањето на Просторниот план, надградбат      а и ажурирањето на постоечката



                                                                              305
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":357}>>>
