<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":356,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=356"}>>>
              Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план


  и општини). На индиректен начин, планските решенија на Просторниот план се спроведуваат
  низ изработка и донесување на планска документација во надлежност на Единиците на
  локална самоуправа.

         Подрачја (региони) за кои задолжително ќе се изработуваат просторни планови од
  пониско ниво, со кои директно ќе се спроведуваат планските решенија на овој Просторен
  план се:

         ·   Планските региони, утврдени со НТЕЦ класификација (8),

         ·   Национални паркови и други категории на заштитени подрачја,

         ·   Сливни подрачја на акумулации, водени текови и изворишта,

         ·   Подрачја опфатени со интензивна експлоатација на минерални ресурси,

         ·   Подрачјата за екстракција и рециклирање на критичните метали и минерали,

         ·   Коридори на примарна инфраструктура (сообраќајна, водостопанска, енергетска,
         комуникациска),

         ·  Мелиорациони системи,

         ·   Подрачја од државно значење за стопанска намена,

         ·   Подрачја со исклучително вредно земјоделско или шумско земјиште,

         ·   Подрачја по природни или техничко -технолошки закани,

         ·   други подрачја (региони) кои претставуваат географски, економски или
        функционални целини.

        Програмата за изработка на овие планови произлегува од приоритетите за
  конкретното подрачје утврдени во Просторниот план на Република Северна Македонија, а
  временскиот хоризонт е идентичен. Изработката на просторни планови од сите нивоа е во
  надлежност на   Агенцијата за планирање на просторот како единствена овластена
  институција за просторно планирање во Државата.

7.1.1. Инструменти и механизми за спроведување на Просторниот план

        Инструментите за спроведување на Планот се утврдени со Методологијата за
  изработка на Просторни планови, и тоа се:

         ·   Програма за спроведување на Просторниот план, која опфаќа регулатива (закони,
        подзаконски акти и сл.), стратегии, планови, студии, програми, меѓународни договори
        и програми и други документи;

         ·   Извештај за спроведување на Просторниот план низ регистрирани промени во
         просторот,

         ·   Просторна согласност, која се дава за стратегии и планови од пониско ниво и

         ·   Извод од просторен план/Услови за планирање на просторот.

        Надлежен орган за воспоставување на инструментите, следење на нивното
  спроведување и издавање на соодветните акти кои од нив произлегуваат е Министерството
  надлежно за работите на просторното планирање.

        Програмата за спроведување на Просторниот план    е среднорочен документ кој се
  однесува на период од 5 години и содржи мерки, активности, организациска структура и
  органи надлежни за спроведување на Просторниот план, како и финансиски средства и



                                                                                304
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":356}>>>
