<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":349,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=349"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план


      Површината земјоделско земјиште до 2040 година ќе го задржи нивото од 2021
година и ќе изнесува 1 259 996,00 ha, со неопходни структурни промени во насока на
зголемување на површината под долгогодишни насади (овоштарство и лозарство), на сметка
на намалува ње на површината под поледелски култури (пченица, ориз и тутун).

      Со санација и модернизацијата на постоечките системи за наводнување, вкупната
обработлива површина под системи за наводнување ќе се зголеми на 131.517 ha (25,5% од
вкупната обработлива површина во рамките на земјоделското земјиште).Пасиштата го
задржуваат нивото од 2021 година.

      Во планскиот период зголемување ќе се регистрира и во површината под шуми и
шумско земјиште. Пошумувањето ќе се изведува со годишен интензитет од најмалку 1200
hа/годишно, во сооднос 60 % во шума и 40 % вон шума. Активностите на пошумувањето се
вршат во ра мките на т.н. шумска зона (дел од шумите и шумското земјиште опфатен со
шумскостопански основи), односно необраснато земјиште, површини девастирани од пожар
или некоја непогода од биотски или особено абиотски фактор (ветроизвала, снеголоми и сл.),
како и со метод на директна конверзија на деградираните шуми и шикари.

       Вкупната реална површина за пошумување во планскиот период изнесува
24.000,00 ha, во рамките на можната, односно расположива површина

       Најголеми промени во билансот на намена на површините има во површината под
води, кои се резултат на новопредвидените     акумулации ( 57), со вкупна површина од
17.938,64ha. Со тоа, вкупната површина под води се зголемува и изнесува 2,82% од
територијата на Државата (зголемување за 0,7% во     однос на 2021 година.). Доколку се
реализира ова планско решение, билансот на намена на површините ќе претрпи измени и
веројатно ќе дојде до неопходна пренамена и на дел од продуктивното земјиште во
непродуктивно, што ќе се прецизира и разработува при изг  отвување на планско -проектна и
техничка документација за планираните акумулации. Сепак, треба да се потенцира дека ова
се долгорочни стратешки решенија чија реализација во обем и динамика е во зависност од
вкупната развојна политика на Државата. Имајќи ја    во предвид досегашната динамика на
изградба на акумулации во нашата држава     , најверојатно во планскиот период може да се
реализираат само дел од планираните акумулации. Но со оглед на            значењето на
акумулациите како објекти од стратешки, највисок јавен интерес    за Државата неопходно и
значајно е со овие плански предвидувања да се резервира и заштити просторот од други
намени.

     Мали промени се очекуваат во категоријата непродуктивно земјиште под населби,
кое во планскиот период го зголемува уделот во вкупната површина од 1,33% на 1,41%. Ова е
резултат на зголемување на површините на градежните подрачја на населените места, како
резултат на процесот на урбанизација, односно изработка на планска документација.
Зголемувањето е реално и очекувано, имајќи во предвид дека голем дел од планската
документација за населените места е во постапка на изработка и донесување или е дел од
локалните стратегии на единиците на локалната самоуправа. Сепак, мора да се потенцира
дека една од клучните определби на Просторниот план е при изработка на планска
документација, површините за сите урбани функции да се обезбедуваат во рамките на
постојните плански опфати, а зафаќањето на нови површини да биде исклучиво на земјиште
од послаби бонитетни класи и за намени од јавен интерес.





                                                                              301
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":349}>>>
