<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":347,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=347"}>>>
             Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план


6.7. Биланс на намена на земјиштето

     Одржливото користење на земјиштето е значајно за економскиот развој Државата,
 бидејќи една од главните причини за деградацијата на почвата е несоодветното користење.
 Земјиштето е комплексна категорија, не само поради сложената (интегрална) структура, туку
 и поради многукратните фукции кои ги исполнува. Ваквата дефиниција на земјиштето
 упатува н а два елементи кои имаат клучна улога во просторната организација и
 планирањето: од една страна користење на земјиштето заради репродукција или
 екстракција, од друга како простор неопходен за одвивање на производство и други
 активности. Оттука, во процесот на планирање на користење на земјиштето треба да се обрне
 внимание на следните аспекти:

  -   Земјиштето е основен елемент на природната средина во која се одвиваат сите природни
     процеси. Нерационалното користење на земјиштето и неговите ресурси предизвикуваат
     деградација на земјиштето и нарушување на рамнотежата во просторниот систем;

  -   Користењето на земјиштето низ експлоатација на природните ресурси овозможува
      развој пред сé на комплексот примарни дејности, но во исто време нуди и можности за
      развој на редица други економски и општествени дејности и активности. Затоа, процесот
     на планир ање на користењето на земјиштето треба да обезбеди не само рационално
     користење на ресурсите, туку и рационална локација и алокација на сите дејности и
     активности на населението во дадениот простор;

  -   Со се поинтензивниот економски и општествен развој, земјиштето станува се позначаен
     предуслов но често и ограничување за развој на одредени дејности.

     Билансот на намена на земјиштето во планскиот период е изготвен врз основа на
 планските решенија и одредби структурирани по областите кои ги обработува Планот.
 Податоците врз основа на кои се вршени проекциите се превземени од:

  -   Агенција за катастар на недвижности и Државен завод за статистика,

  -   Проектот CORINE LAND COVER, ажурирање 2018 год.;

  -    Базата на податоци на АПП од условите за планирање на просторот, кои се издаваат за
     потребите на изработка на урбанистички планови и планска документација за;

  -   Податоци од експертските елаборати за областите: користење на земјоделско земјиште,
    шуми и минералните суровини, водостопанска, сообраќајна и енергетска
     инфраструктура и заштита на природното наследство; изготвени во рамките на фазата
     документаци она основа на планот.





                                                                               299
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":347}>>>
