<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":346,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=346"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план


воената и цивилната компонента и ефикасно и рационално користење на ресурсите.
системот за одбрана ќе се развива и реорганизира со воспоставување на хиерархија на
стратегиски документи, утврдување на соодветна правна рамка и редефинирање на
субјектите на с истемот и нивните надлежности.

       За подигнување на способностите и капацитетот на ресурсите, во претстојниот
период ќе се превземаат следните активности:

     -   Персонална политика во одбраната која ќе овозможи привлекување и селекција на
      високо мотивирани поединци,

     -   Реорганизација на образованието и обука за потребите на одбранбениот систем,

     -  Примена на принципите на професионалност, соодветна и правична застапеност и
      родова перспектива,

     -   Унапредување на условите за работа и примена на современи дисциплини и
       технологии во работните процеси,

     -   Замена на постојната со пософистицирана опрема во согласност со НАТО                    -
       стандардите.

     -   Автоматизација и поедноставување на процесите за управување со материјалните
       ресурси,

     -  Редефинирање на потребите од инфраструктура, реновирање и изградба на нова
       инфраструктура и подобрување на условите за живот и работа на персоналот во
      одбраната и Армијата,

     -  Идентификување и приоритетизирање на критичната инфраструктура во согласност
       со националните интереси и воспоставените меѓународни стандарди,

     -  Обезбедување на финансиски ресурси од буџетот на Република Северна Македонија,   ,
       како и согласно претходно склучени билатерални и мултилатерални договори,

     -   Алокација на одбранбените буџетските средства соодветно на потребите за
      остварување на одбранбените цели и развој на нови способности, неопходни за
      справување со новите безбедносни предизвици.





                                                                              298
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":346}>>>
