<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":344,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=344"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план


меѓународните заложби. Особено значајна улога во меѓународната соработка ќе има
одбранбената дипломатија, билатерална и мултилатерална одбранбена и воена соработка
заснована на принципите на „Pooling&Sharing“ и  „Smart Defence “.

      Систем на одбрана

      Основни задачи на системот за одбрана на Република Северна Македонија, кои се
негови уставни функции се:

     -   ефикасна и ефективна одбрана и заштита на Државата од сите видови
      надворешни/внатрешни загрозувања и

     -   обезбедување на потребното ниво на отпорност, флексибилност и
      интероперабилност во рамките на колективната одбрана, кризниот менаџмент и
       кооперативната безбедност.

       Системот за одбрана на Република Северна Македонија се состои од:

     -   воена компонента – чиј главен носител се вооружените сили, односно Армијата, и

     -   невоена компонента  – која ја сочинуваат државни институции со надлежности во
      справувањето со безбедносните закани и ризици, органите на локалната самоуправа,
       јавни претпријатија, друштва и граѓаните  55.

      Воена компонента

        Структурта на Армијата, односно потребата и нивото на нејзините одбранбени
 способности, се дефинира согласно         современите безбедносни предизвици и
 расположливите ресурси на Државата. Приоритет во развојот на Армијата, во планскиот
 период ќе биде развојот на оперативните способности за поддршка на националните
 интереси и националните безбедносни цели, како и способ        ности за поддршка на
 националните цивилни власти. Националните способности за одбрана ќе се базираат на
 копнените, воздушните и сајбер    -домените, овозможени и поддржани со основни
 оперативни елементи кои вклучува   ат команда и контрола, персонал, инфраструктура,
 логистика, разузнавање, набљудување и извидување, медицинска поддршка,
 комуникациски и информациски системи и обука.

        Главната сила на воената компонента на системот ќе бидат мултифункционални
 повеќенаменски копнени сили, соодветно поддржани и логистички обезбедени, со
 способности за лесен маневар и брзо распоредување. Максимизирање на нивниот ефект и
 постигнување на висо ка економичност на одбраната ќе се обезбеди со развој и одржување
 на неопходни сили за специјални операции.

       Неопходната воздушна поддршка на мултифункционалните повеќенаменски сили,
 како и поддршка на цивилните власти во различни кризни ситуации и услови, ќе ја
 обезбедуваат воздухопловните сили. Нивната ограниченост за следење на современите
 текови во воздухопло вството наложуваат потреба од интензивна регионална одбранбена
 соработка со земјите од Југоисточна Европа и евроатлантските интеграции.

        Армијата ќе развива резервни сили, составени од активна и општа компонента, чија
 структура и способности ќе се дефинираат согласно потребите за поддршка на
 вооружените сили.



55 Утврдени со Законот за одбрана


                                                                              296
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":344}>>>
