<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":343,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=343"}>>>
                Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план


           -   Превентивни мерки и работни практики,

           -   Безбедносни мерки,

           -   Обука за заштита од пожари и експлозии, и друго.

           За намалување на ризикот од пожари во објекти, со што би се оптимизирале мерките
    за заштита од пожари, потребна е примена на следните општи мерки:

         1. Дефинирање на национална методологија за проценка на ризикот од пожари,

         2. Подигање на свеста и капацитетите на општините за собирање на податоци за случени
         пожари, со што би се формирала база на податоци и овозможила соодветна анализа на
         ризикот и превземање на мерки за менаџирање со истиот,

         3. Изработка на карти на ризик за секоја општина како основа за правилно планирање на
         просторот во урбаните средини,

         4. Донесување подзаконски акти за подигнување на квалитетот на мерките за заштита од
        пожари и нивно согласување со Европската регулатива,

         5. Подготовка на планови за справување со ризикот од аспект на превенција и одговор
        при случен пожар (хазард), со обезбедување потребен број противпожарни единици,
        нивно техничко опремување, обуки на населението за превенција и за справување со
         случен пожар, посебно на ранливите групи на население.

6.6.5.3.  Воени раз урнувања

          Современа одбранбена политика е од клучно значење за остварување на интересите
    на Државата, утврдени во Националната концепција за безбедност. Таа вклучува сет на
   мерки и активности насочени кон ефикасна подготовка на одбранбениот систем како дел од
    системот за национална безбедност, во насока на остварување на одбранбените цели и
    претставува одговор на постојните и идни закани, ризици и предизвици по националната
    одбрана.

          Одбранбените цели се основа на одбранбеното планирање и координација, од кои
    произлегуваат задачите на сите субјекти во системот, за подготвување на одговор на
    одбраната во услови на мир, воена, кризна или вонредна состојба.

           За остварување на основната одбранбена цел која подразбира одбрана на
    независноста и територијалниот интегритет на Државата, неопходно е ангажирање сите
    расположиви капацитети и учесници во одбранбениот систем во планот за одбрана.
    Планирањето и реализациј  ата на одбранбената политика треба да имаат проактивен
    пристап и да обезбедат имплементација на процедури за континуирана анализа на
    безбедносното опкружување и одбранбените интереси, за што е неопходна поинтензивна
    интерресорска и меѓуинституционална коор динација и соработка.

          Одбранбените капацитети на Државата треба да бидат на ниво на висока
    подготвеност и способност, да се карактеризираат со флексибилност, распоредливост и
    интероперативност , отчетност, транспарентност и нулта толеранција кон корупција.

           За зајакнување на регионалната безбедност и стабилност, Република Северна
    Македонија ќе гради нови партнерства, ќе ги јакне постојните, ќе превзема дел од
    активностите на кооперативната одбрана, ќе учествува во колективната одбрана и во
    Заедничката надворе шна и безбедносна политика (како обврска од членството во НАТО).
    Исто така, Државата ќе учествува во меѓународни операции и мисии за поддршка на мирот и
    проектирање на безбедноста, во согласност со националните безбедносни интереси и


                                                                                 295
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":343}>>>
