<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":339,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=339"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план


         · Обезбедување и оспособување на стрелци за против градобијни ракети, резервни
      делови за опрема, радари, возила и сл.

      Во контекст на намалување на последиците, неопходно е да се инсталираат системи
за рано предупредување во загрозени подрачја (места и сообраќајни делници) и примена на
мерки за намалување на ранливоста.

      Одрони и свлечишта

       За справување со одроните и свлечиштата  неопходна е потребата од поставување и
возобновување на мониторинг на познати стари свлечишта и загрозени патни делници, преку
примена на современи и конзервативни методи (InSAR           51, GNSS/GPS   52, инклинометри,
екстензиометри, пиезометри, кракометри и друго).

      Моделирањето (зонирањето) на хазарди од свлечишта треба да се повторува во
циклуси од 5 до 10 години. Воспоставувањето база на податоци (која треба да овозможи и
корелација со други геолошко -хидролошко -метеоролошки хазарди) ќе овозможи создавање
на посигур ни и поверодостојни модели на подложност, хазард и ризик од свлечишта.
Картирањето треба да се врши на ниво на студии за зонирање на државно, регионално,
локално ниво, а за некои региони и на ниво на сливни подрачја.

      Клучни фактори за успешно управување со свлечиштата се:
         · Примена на Lidar 53 снимки при основно зонирање на теренот за свлечишта, со семи   -
       автоматски пристап  ;

         · Едукацијата на населението и доедуцирањето на административниот персонал во
      надлежните институции за свлечиштата како геохазард    ;

         · Промовирање  на примената на мерки за биоинженеринг кои треба да бидат
       усогласени и компатибилни со мерките за спречување на ерозија и останати
      гравитациони процеси.

       Ерозија и седиментација

      Преземањето мерки и спречувањето на ерозијата претставува преземање на цел
систем од шумско -мелиоративни, агротехнички, хидротехнички и други специјални мерки
како: наменски насочено користење на површините подложни на ерозија,терасирање,
интензивно пошуму вање на ерозивно активните подрачја со автохтони видови и нега на
шумите,уредување на поројните водотеци со градежни објекти,посебни мерки за заштита од
обрушување, одрони и свлечишта на стрмни падини и речни брегово, подигнување на
шумско-заштитни појаси, пошумување на коритата на доловите, садење трева на стрмните
терени, подигнување брани, орање по изохипси, сеење на културите во форма на пантлики,
длабока обработка на почвата и друго.

       Дополнително, се предвидуваат и административните инструменти кои опфаќаат:

         · Подготовка на програма за заштита од штетните ефекти од водата во рамките на



51 InSAR (Interferometric Synthetic Aperture Radar) is a technique for mapping ground deformation using radar images
of the Earth's surface that are collected from orbiting satellites
52 Global Navigation Satellite System(GNSS) и The Global Positioning System (GPS)
53 LiDAR (Технолошка метода за далечинско согледување и испитување на површината на Земјата. Се користи за
создавање модели со висока резолуција на тополошка подлога со вертикална точност од 10 сантиметри.)


                                                                              291
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":339}>>>
