<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":337,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=337"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план


      Управување со ризикот од поплави може да се разгледува како еден циклус, во кој
може да се применат вкупно 20 мерки/активности, групирани во 5 одделни групи  (Табела бр.
83).

    Табела бр. 83 Мерки за управување со ризикот од поплави

     Превенција од поплави      М1   Определување и разгледување на поплавени подрачја
                        М2   Идентификација, воспоставување и заштита на поплавни
                                    површини од големи води
                        М3    Адаптација на користење на земјиштето во речните сливови
                        М4   Спроведување на хидролошки и метеоролошки мониторинг
                        М5   Воспоставување и управување со податоци за ризик од
                                      поплави
                        М6    Системски, нормативни, финансиски и други мерки
     Заштита од поплави        М7   Планирање и изградба на структурни мерки за заштита од
                                      поплави
                        М8   Спроведување на индивидуални (самозаштита) мерки за
                                        заштита од поплави
                        М9   Редовна проверка на ефективноста на постоечките
                                             (структурни) мерки за заштита од поплави
                          М10   Редовно одржување на водотеците, водните објекти и
                                       водното и крајбрежното земјиште
                          М11   Спроведување на контрола на реките
                          М12   Управување со заштита од поплави на водни објекти
                          М13   Обезбедување финансиски средства за спроведување на
                                            јавно комуналната услуга за управување со водите
     Подигнување на свест за     М14   Едукација и подигање на свеста за ризиците од поплави
     превенција и заштита од
     поплави
    Подобрување на           М15   Подготовка на планови за заштита и спасување од поплави
     подготвеност за одговор во   М16   Предвидување на поплави
     ситуација на поплава                          М17   Предупредување за поплави

                          М18   Интервентна акција при поплави
     Реставрација и            М19   Проценка на штетата и спроведување на рехабилитација по
     рехабилитација по случена           поплава
     поплава                 М20   Документација и анализа на настани од поплави

      Суша

      Управувањето со сушите вклучува два пристапи: проактивен и реактивен)    49

      Проактивниот пристап    подразбира планирање и превземање на мерки за
спречување или минимизирање на влијанијата од сушите пред нивната појава и тоа со:

         · Мерки за ублажување на сушите,

         · Оценување на ранливоста и мониторинг и рано предупредување.

       Реактивниот пристап   вклучува активности и мерки по појавата на сушата како
природна катастрофа.

    Мерките пред појава на суша можат да бидат од конструктивен и неконструктивен тип.

Неконструктивните мерки  опфаќаат:

         · Оцена на ранливоста на сушата,


49 MOEPP (2021). National Drought Plan for the Republic of North Macedonia (DRAFT). Ministry of Environment and
Physical Planning of the Republic of North Macedonia.


                                                                              289
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":337}>>>
