<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":336,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=336"}>>>
             Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план


 во циркуларна, потребно е да се преземат следните мерки од аспект на сигурност и
 превенција на ризици од техничко -технолошки хаварии:

            · Транспонирање на директивата Севесо    -III (Директива 2012/18/ЕУ) за контрола на
        опасности од големи несреќи, обврска утврдена во Европскиот зелен договор (Green
         Deal) и Акциониот план за нулта загадување (Zero Pollution Action Plan)        .

            · Основање и развој на информациски систем за собирање, следење, анализа на ризик
       од опасни материи, воведување на софтверски алатки за управување со ризик од
        опасни материи, како и мулти хазард, управување со информации за несреќи (како
      еМАРС и други),

            · Зајакнување на економските, социјалните и здравствените капацитети за отпорност и
        закрепнување од технолошки хаварии.

            · Изработка на стратегија за намалување на ризикот од пожар, со посебен акцент на
       подобрување на пожарната безбедност на постојните градби, вклучувајќи ги и
        дивоградбите.

       Поплави

        За да се обезбеди заштита, зачувување и континуирано подобрување на режимот на
 водите, подобрување на состојбата на водните еколошки системи и еколошките системи
 зависни од вода, рационално користење на водите, прогресивно намалување на штетните
 испуштања и постепено елиминирање на емисиите на опасни супстанции, како и ублажување
 на последиците од штетното дејство на водите и од недостигот на вода, неопходна е
 соодветна имплементација на интегриран систем за управување со води.

       Мерките за заштита од поплави генерално може да се поделат на       структурни и
 неструктурни мерки.

       Структурни мерки претставуваат:

            · Мерки насочени кон заштита од поплави (регулација на речни текови, заштитни
        насипи, изградба на одводни канали, изградба на атмосферска канализација во
        урбани средини итн.);

            · Мерки за намалување и контрола на поплавите (пошумување на сливот и намалување
        на ерозивните процеси во сливот, изградба на каскади, изградба на мали ретензиони
        акумулации, изградба на акумулација за контрола на протокот и поплавите итн.).

Неструктурните мерки опфаќаат:

            · Хидролошки и хидраулички мониторинг,

            · Прогноза и известување за можни поплави,

            · Изработка на хидролошко  -хидраулички модели на поплавни бранови со одреден
       период на повторување,

            · Изработка на оперативни планови за заштита и спасување на населението и
        материјалните добра,

            · Запознавање на населението со начинот на известување и предупредување,

            · Изработка на план за евакуација,

            · Подготовка на планови за управување со речните сливови.




                                                                               288
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":336}>>>
