<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":335,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=335"}>>>
               Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план


 6.6.5. Природни непогоди  , техничко -технолошки хаварии и воени разурнувања

6.6.5.1. Природни непогоди

          Управувањето со загрозеност (ризик) во насока на намалување на опасностите од
    катастрофи, се спроведува преку систематска примена на политики, процедури и практики
    со цел идентификување, анализа, проценка, контрола и следење на ризикот. Дефиницијата
   на ово ј процес во контекст на катастрофи е пропишана со Стратегијата на Обединетите
   нации за намалување на ризикот од катастрофи (UN  -ISDR, 2004). 48

          Универзалната рамка за управување со загрозеност (ризик) е дефинирана во четири
    различни целини, и тоа:

                · Подготвеност,

                · Ублажување,

                · Одговор и

                · Закрепнување.

         Овие целини се реализираат во три фази: пред/за време/по катастрофа. Одделните
   фази се взаемно инклузивни и повеќедимензионални бидејќи се силно меѓусебно поврзани,
   додека секоја целина ги одразува одделните аспекти на катастрофата со цел подобрување
   на елементите на управување со ризик.

        Табела бр. 82 Основни елементи, фази и соодветни мерки за намалување на загрозеноста од
        катастрофи

         Подготвеност     Пред              Подигање на свест за опасност од катастрофи и едукација
                           катастрофа           Стратегија и план за одговор при катастрофи,
                                           Избор/определување на засолништа,
                                          План за евакуација, обука за однесување за време на
                                                   земјотрес, систем за предупредување.

        Намалување/     Пред                Ретрофит, рехабилитација, соодветна регулатива за
        ублажување       катастрофа          зајакнување, спроведување на регулатива,
         на ризик                          Зонирање и управување со просторот,
                                              Осигурување, резервен фонд,
         Одговор          За време на         Центар за управување со кризи,
                           катастрофа         Служба за мобилизирање и активирање на медицинска
                                          помош,
                                        Тим за пребарување и спасување,
                                        Лоцирање (GPS) и дефинирање на интензитетот на настанот,
                                             Комуникација со јавноста
        Обновување      После             Медицинска нега,
                           катастрофа          Рехабилитација, реконструкција,
                                            Финансиска помош,
                                          Обновување на јавната инфраструктура и основните
                                           функции
                                           Активирање на економските активности

          Согласно Акциониот план за циркуларна економија (Circular Economy Antion Plan),
    изготвен за потребите на воведување зелена и дигитална транзиција во нашата држава,
    базирана на ЕУ Зелениот договор (Green Deal) и транзицијата на индустријата од линеарна



      48 (UN-ISDR, 2004)Living with Risk: A Global Review of Disaster Reduction Initiatives. International Strategy for
     Disaster Reduction, 2004 version Geneva, Switzerland: UN Publication


                                                                                 287
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":335}>>>
