<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":334,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=334"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план


    Табела бр. 81 Предлог за ревалоризација (2025 -2040)


             на
          на                      Заводи
    и
                           ПРЕДЛОГ  - ДИНАМИКА НА РЕВАЛОРИЗАЦИЈА                                    заштита                 културата
          за                               (за период од 2025 до 2040 година)                                Конзерваторски   центри                    спомениците

   ПЛАНСКИ        Споменички
   ПЕРИОД         целини

                                      од                                                                                                                                                                                                                                                                          објекти                                                                                                                                                                                                                                          објекти                                                   објекти
                                                                       Градски  јадра          Рурални  јадра                      Комплекси    религиозен   карактер               Стопански    комплекси                Археолошки    локалитети                Верски                         Цивилни                 Гробни                     Вкупно

    2025 -2030
                    4        3         20        4       40       50      220      9      350

    2030 -2035
                    4        2         20          /       45       50       210      5      336

    2035 -2040
                           /          /            /           /       40       62       212      5      319

   ВКУПНО
                    8        5         40        4      125      162      642      19     1005
    (2025 -2040)

      Со предложената динамика осумте установи за заштита на културното наследство во
текот на реализацијата на Просторниот план треба да завршат со облигаторната
ревалоризација.

      Непосредната заштита на недвижното културно наследство е континуиран процес кој
се спроведува со цел зачувување, заштита и подобрување на физичката состојба на
недвижното културно наследство. Покрај редовното одржување на заштитените добра, кое
е од исклуч  ително значење за зачувување на културното наследство, по потреба се
превземаат превентивни интервенции, конзервација, реставрација и санација на настанатите
оштетувања на културното наследство. Во исклучителни случаи се превземаат и делумни
реконструктивн и зафати. Низа фактори влијаат на реализацијата на непосредната заштита,
поради што е тешко да се планираат ваквите активности за подолг временски период.
Приоритет во преземањето мерки на непосредна заштита треба да имаат недвижните
културни добра од категоријата   културно наследство во опасност, на кои им се заканува
конкретен ризик од понатамошно забрзано структурно пропаѓање, активни деградациски
процеси поради напуштеност, или промени од други релевантни фактори.

      Според доставените предлози од стручните служби за заштита на културното
наследство, а имајќи ги предвид досегашните искуства, екипираноста на службите со
потребните стручни лица за реализација на активности на непосредна заштита и буџетските
средства кои годишно се издвојуваат од буџетот на Министерството за култура и туризам за
оваа намена, секако и комплексноста на самиот процес на непосредна заштита, може да се
планира дека секоја од осумте институции за заштита на културното наследство ќе
реализира неп осредна заштита на 3 -4 објекти во текот на петгодишен период.





                                                                              286
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":334}>>>
