<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":330,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=330"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план


          Име на подрачјето          Категорија на               Општина
                                          заштита

84   Црна Дудинка – Лесново               ПР       Пробиштип

85   Чинар – Влашка Маала                ПР       Охрид

86   Чинар – Воска                       ПР       Охрид

87   Чинар – Кошишта                    ПР       Охрид

88   Чинар – Охрид                       ПР       Охрид

89   Чинар – Пензионерско                 ПР       Охрид

90   Чинар пред зградата на Црвен                     Охрид
                                       ПР
      крст

91   Чинар во Централно градско                      Охрид
                                       ПР
      подрачје на општина Охрид

       Заштитените подрачја кои влегуваат во граници на поголеми заштитени подрачја,
треба да бидат означени како енклави во просторот и за нив да важи повисокиот режим на
заштита.

      Во планскиот период, неопходно е да се спроведе постапка на идентификација и
делинеација на Натура 2000 подрачјата, а по влезот во ЕУ, да се пристапи кон нивно
управување. За соодветна имплементација на законодавството на ЕУ, предвидена е и
изработка на ак циски планови за управување со диви видови од значење за ЕУ.

      Во таа насока, усвојувањето на националната еколошка мрежа, обезбедување на
поврзаност помеѓу заштитените подрачја, како и интегрирањето на принципите и начелата
на зелена инфраструктура во развојните политики, планови и програми на локално,
регионално и н ационално ниво претставува солидна основа за одржлив развој.





                                                                              283
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":330}>>>
