<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":324,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=324"}>>>
                Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план


   Овие процеси на промена може да вклучуваат различни фактори како промена во
    интензитетот и начинот на искористување на земјиштето, урбанизација, загадување и
    климатски промени. Навремено креирање на стратегија за зачувување и интегрирано
    управување на пред елите со значајни природни и културни вредности ќе овозможи следење
   и систематско идентификување на промените во пределот и ќе обезбеди аргументи за
   креирање планови за намалување на негативните влијанија. Стратегијата за управување со
    пределите понатаму ќ е обезбеди ревизија и приспособување на плановите за управување со
    природните ресурси согласно принципите на одржливост.

         При прогласување на заштитени подрачја треба да се води сметка за вредностите на
    пределите. Делови или цели предели треба да се вклучуваат во заштитени подрачја,
    согласно нивните вредности. За заштита на пределската разновидност потребно е да се
    почитуваат следните препораки:

                · да се избегнува уништување на крајречните шуми;

                · да се забрани гола сеча во шумските предели;

                · планирањето на новите содржини во просторот да се заснова на принципите на
          пределната екологија земајќи ги предвид структурите во пределот и нивната улога во
          зачувување на бидиверзитетот;

                · поттикнување на развојот на алтернативните форми туризам во руралните подрачја,
          задржување на традиционалниот изглед на населбите и зачувување на природниот
           изглед на пределите.

6.6.3.3.  Заштита на природното наследство

           Согласно Конвенцијата за биолошка разновидност и Глобалната рамка за
    биодиверзитет Кунминг –Монтреал, утврдени се глобални цели за заштита на најмалку 30%
   од копнената и водната територија до 2030 година. Дополнително, согласно политиките на
    Европската Униј  а, се препорачува значителен дел од овие подрачја да биде под строга
    заштита (приближно 10%). Во таа насока, во планскиот период се предвидува зголемување
    на површината на заштитени подрачја во Република Северна Македонија, во согласност со
    овие меѓународн и цели.

          Врз основа на анализа на досега прогласените заштитени подрачја и нивните
    категории (дел од нив се по стара категоризација, која не соодветствува на реалната
     состојба), нивно редефинирање поради ставање во рамки на веќе прогласени поголеми
    заштитени пoдрач ја или поради промена на категорија, предвидено е до крај на планскиот
    период (2040 година) да има вкупно 188 заштитени подрачја.

        Табела бр. 76 Број на подрачја по категории и природни реткости (2040 година)

                     Категорија на подрачјата         Вкупен број на подрачја по категорија
                Строг природен резерват (СПР)                         1
              Национален парк (НП)                                8
             Споменик на природа (СП)                            34
              Парк на природа (ПП)                                44
              Заштитен предел (ЗП)                                 9
              Повеќенаменско подрачје (ПП)                         1
             Природни реткости (ПР)                              91
            ВКУПНО                                           188




                                                                                  277
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":324}>>>
