<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":323,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=323"}>>>
                Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план


   и зголемување на капацитетите на постојните репроцентри. Овие мерки ќе придонесат за
   одржување и унапредување на биолошката разновидност и стабилизирање на популациите
    на дивечот.

          Планираните економски активности во просторот треба да се развиваат на начин кој
    ќе обезбеди заштита на природата со што ќе се запази балансот помеѓу економскиот развој
   и природните вредности. При изградба на нови содржини во просторот со намена индустрија
    задолжително треба да се спроведува оцена на влијанието врз животната средина, која
    вклучува анализа на состојбата и мерки за заштита на биолошката разновидност.

          Испуштањето на непречистени отпадни води има негативно влијание врз еколошкиот
    статус на водните тела, како живеалиште на голем број значајни видови. Изградбата на
    системи за пречистување на отпадните води може да обезбеди заштита на значајните
    компоненти на биолошката разновидност. Дополнителен проблем претставуваат водите кои
    се сливаат од јаловината од рудниците, поради што неопходна е примена на технологии
    за третман на отпадните води од рударските операции.

         При изградба на нова сообраќајна, водоводна, комунална или комуникациска
    инфраструктура, треба да се избере најповолно решение, со цел да се избегне или
   минимизира влијанието врз биолошката разновидност. Исто така, при изградба на нова
    сообраќајна инфрастр уктура, потребно е да се направат премини за цицачи и влекачи, со цел
    да се намали смртноста на овие видови на сообраќајниците.

          Во планскиот период треба да се ревидираат вредностите во подрачјата со
    меѓународно значење, како што се подрачјата за значајни видови на птици, растенија и
    пеперутки, но и клучните подрачја за биолошка разновидност.        Клучните подрачја за
    биолошка разновидност   треба да бидат опфатени со процес на ревизија согласно
    ажурираните  стандард и  на IUCN и променетите критериуми за идентификација.
    Дополнително треба да се идентификуваат и подрачја за спречување на исчезнување на
    видови (alliance for zero extinction sites). Сите овие подрачја даваат значајна просторна
    информација за распространување на значајните видови, нивните живеалишта и
    овозможуваат правилно планирање на просторот земајќи ја предвид биолошката
    разновидност како приоритет за заштита. За заштита на прекуграничните простори со
    природни вредности неопходно е да се воспостави стручна соработка со соодветните
    институции (национални и п рекугранични).

6.6.3.2.  Заштита на пределската разновидност

          Во процесот на планирање на нови содржини во просторот, неопходна е примена на
    пределен пристап кој овозможува интегрирано управување со природните ресурси
    признавајќи ја взаемната зависност на зачувување на природата и одржливото
    искористување на ресурсит  е со социо -економските и културните аспекти на човековото
    живеење. Овој пристап има за цел да поттикне одржлив развој, зачувување на биолошката
    разновидност и екосистемите преку олеснување на колаборативните и партиципативните
    процеси на донесување одлуки меѓу различните засегнати страни на локално, регионално и
    национално ниво. Примената на „пределниот пристап” при планирање и управување со
    природниот капитал, ќе придонесе кон интегрирано и севкупно вреднување на екосистемите
   и придобивките кои тие ги обез бедуваат.

          Идентификување и следење на процесите на промена во карактерот на пределите се
    клучни аспекти за ефикасно управување со природните ресурси и одржливо планирање.


                                                                                  276
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":323}>>>
