<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":322,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=322"}>>>
               Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план


 6.6.3.  Заштита на природата

          Заштитата на природата при планирање на идните активности во просторот опфаќа
   мерки за заштита на биолошката разновидност, геолошкото наследство, пределската
    разновидност и природното наследство, како и заштита, зачувување и ревитализација на
    чувствителни, загрозени и значајни живеалишта. За заштита на прекуграничните простори со
   природни вредности неопходна е континуирана стручна соработка со соодветните
    институции.

6.6.3.1.  Заштита на биолошката разновидност

          Заштитата на биолошката разновидност бара воспоставување на интегриран и
    долгорочно одржлив систем за научно истражување, мониторинг и управување, заснован на
    стандардизирани методологии, индикатори и геопросторни бази на податоци. Посебен
    приоритет треба  да се даде на идентификација, заштита и обновување на загрозените и
    ретките видови, како и на нивните живеалишта, преку примена на ефективни конзервациски
   мерки и одржливо управување.

          Неопходно е да се спроведе континуирано картографирање, валоризација и следење
    на типовите живеалишта кои претставуваат жаришта на биолошка разновидност, со цел
   нивна интеграција во националните и меѓународните системи за заштита, согласно
    релевантните ста  ндарди и практики. Во таа насока, потребно е зајакнување на
    институционалната координација, унапредување на информациските системи (вклучително
     GIS), како и активно вклучување на научната заедница и јавноста во процесите на
   донесување одлуки.

          Спречување на директната деградација и зафаќање на живеалиштата со значаен
    биодиверзитет, како и минимизирање на вознемирувањето на видовите, преку контрола на
    урбанизацијата и елиминација на испуштањето на непречистени отпадни води во водните
    екосистеми. Неопходно е да се спроведат соодветни активности за ревитализација на
    водните, блатните, влажните живеалишта, вклучително и рипариските појаси и глацијалните
    езера, кои ќе придонесат кон подобрување на деградираните екосистеми, воведување на
    решенија базир ани на природата и соодветно исполнување на целите од Конвенцијата за
    биодиверзитет. Исто така, реализацијата на мерки и активности за заштита ќе придонесе за
   подобрување на еколошките функции на сливните подрачја особено оние чија функција е
   намалена пора  ди изградбата на инфраструктурни објекти како што се малите
    хидроцентрали. На удар се неколку растителни заедници (посебно блатни) и претставници
    на флората, како и целата ендемична фауна на Охридското Езеро, а во помал размер
   проблемот е релевантен и за П респанското и Дојранското Езеро, како и за реката Вардар (за
    која се карактеристични неколку ендемични видови риби). Посетата на живеалиштата со
    богат диверзитет треба да биде строго контролирана со цел да се избегне масовен туризам
    во значајните подрачја за биодиверзитетот.

         Во планскиот период потребно е да се стимулира косење на некогашните површини
   под ливади, кои не се косат и се населени со растителни видови од соседните вегетациски
    типови и искористување на материјалот како храна за добитокот.

         Во ловно-стопанските подрачја потребно е да се зајакне инспекцискиот надзор со цел
   да се спречи намалување на популациите на повеќе видови од интерес (срна, елен и
    дивокоза) и зачувување на трајно заштитените видови. Воедно, неопходна е модернизација



                                                                                 275
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":322}>>>
