<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":320,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=320"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план


      Мерки за ублажување на влијанието на климатските промени врз биолошката
разновидност се:

         · Моделирање на дистрибуцијата на приоритетните видови и живеалишта
       чувствителни на климатските промени;

         · Моделирање на идната дистрибуција на инвазивни видови;

         · Активно следење на промените на климата во зоните на строга заштита во
       заштитените подр ачја.

       Енергетика

       Енергетскиот сектор има доминантен придонес во емисијата на стакленички гасови
што придонесува за појава на климатските промени. Во планскиот период треба максимално
да се искористат можностите за обезбедување на енергија од обновливи извори на енергија
паралелно со интензивирање на мерките за заштеда на енергија преку подобрување на
енергетската ефикасност. Инвестициите во обновливи извори на енергија ќе ја зголемат
енергетската независност и енергетската безбедност во земјата.

      Мерки за намалување на емисиите на стакленичките гасови, кои придонесуваат за
појава на климатските промени, се:

         · Зголемено користење на обновливи извори на енергија преку поставување на
      површински соларни и фотоволтаични електрани на терени непогодни за
      одгледување на земјоделски култури (Мариово, Раец, Витачево, Манговица и др       .) и
       изградба на ветерни електрани;

         · Изградба на хидроенергетски објекти и мали хидроцентрали;

         · Изградба на гасни централи за производство на електрична и топлинска енергија    и
       др.

      Туризам

      Во секторот туризам неопходна е контрола на трендот на урбанизација во
туристичките места покрај природните езера заради очекуваното продолжување на летната
сезона. Поради покачувањето на температурите, се намалува веројатноста од појава на снег
на местата под 1500 m н.в. што треба да се има предвид при изградба на соодветни центри
за развој на ски туризам, што од друга страна отвора можности за разој на други видови
туризам. Почестите временски екстремни настани ќе претставуваат значителна закана за
недвижното културно наследство (споменици на културата и археолошките локалитети)
заради што е неопходна заштита на недвижното културно наследство како мерка за
поддршка на културниот туризам во услови на интензивни климатски промени.

       Здравство

       Здравствениот сектор мора да биде подготвен да одговори на претстојните вонредни
состојби (поплави, суши, шумски пожари и бури) и да обезбеди соодветна здравствена
заштита и поддршка на населението. Тоа подразбира прилагодување на постојната
инфраструктура  , зголемување на капацитетите за итни случаи и спроведување на обуки за
заштита на здравјето на населението во екстремни временски услови.





                                                                              274
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":320}>>>
