<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":317,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=317"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план


следење на климатските промени и внимателно управување со ресурсите, но не и структурни
рестриктивни мерки.

      Класа 3 – Средна ранливост

      Во оваа класа припаѓаат делови од поголемите котлини и ридските појаси со умерена
урбанизација со јасен тренд на затоплување и летна редукција на врнежи, и со зголемена
појава на екстреми. Оваа категорија претставува зона на засилена адаптациска потреба и
внимателно планирање на нова инфраструктура.

      Класа 4 – Висока ранливост

      Висока ранливост на климатски промени е присутна во централните делови на
Скопската котлина, Повардарскиот коридор, Тиквешкиот регион, делови од Пелагонија и
Струмичко -Гевгелискиот регион. Овде се преклопуваат засилен температурен тренд,
изразена летна ари   дизација и значителна урбана експанзија. Просторно, овие зони
претставуваат приоритет за имплементација на мерките за намалување на топлотните
острови, управување со водните ресурси и контрола на ширење на урбаните површини.

      Класа 5 – Многу висока ранливост

      Многу високата ранливост на климатски промени е концентрирана во
најурбанизираните и котлински делови, особено во Скопје и централниот Повардарски појас,
како и во делови од југоисточниот регион. На овие простори се комбинираат најсилен
температурен тренд, летен дефицит на врнежи, зачестени екстреми и висока антропогена
концентрација. Овие подрачја се идентификуваат како приоритетни адаптациски зони во кои
што се неопходни структурни, инфраструктурни и регулаторни мерки.

      Индексот на климатската ранливост укажува дека климатската ранливост во
Државата има изразена котлинско -коридорска структура, со доминација на повисок ризик во
пониските, урбанизирани и аридни региони, и релативна отпорност во високопланинските
појаси. Ово ј резултат потврдува дека просторната конфигурација на ризикот не е случајна,
туку тесно поврзана со орографијата, урбаната структура и регионалните климатски
трендови, што го прави графичкиот приказ на ICR клучен инструмент за стратешко просторно
планирање и дефинирање на националните приоритети за климатска адаптација.

     Мерки за ублажување на влијанието и адаптација на климатските промени

      Климатските ризици се различни за различни подрачја во Државата. Оттаму и
мерките за адаптација и ублажување на климатските промени се регионално
диференцирани.

      Во услови на зголемени температури и намалени летни врнежи,     повардарскиот и
југоисточниот регион  се изложени на најголем ризик од суши и деградација на земјиштето.
Во овие региони има потребa од:

      · оптимизација и модернизација на системите за наводнување,

      · ограничување на проширување на водоинтензивни култури без претходна анализа на
      воден биланс,

      · заштита на обработливото земјиште од ерозија и

      · зголемување на енергетската ефикасност во аграрниот сектор.

      Со оглед на изразените ерозивни и денудациски процеси во    источните области  во
државата се предвидува:



                                                                              271
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":317}>>>
