<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":316,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=316"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план


    Табела бр. 75 Главни карактеристики на климатските сценарија и нивните просторни импликации

  Сценарио    Очекуван пораст     Промени во врнежите и        Просторни импликации и плански
               на температурата           екстремите                          насоки
             до крајот на векот
   RCP2.6          +1 до +1.5°C       Благо намалување на          Подобрување на водната ефикасност;
   (ниско                          годишните врнежи,             зајакнување на зелената
  емисионо                      умерено зголемување на        инфраструктура во урбаните средини
   сценарио)                       екстремни врнежи
   RCP4.5          +2 до +3°C       Намалување на летните         Реорганизација на системите за
   (средно                       врнежи (10–15%), почести      наводнување; зонирање според
   сценарио)                      суши и интензивни врнежи      климатска ранливост; засилена
                                                                 заштита од поплави и ерозија;
                                                                    адаптација на земјоделското
                                                                 производство
   RCP8.5         +4°C и повеќе      Намалување на врнежите       Структурна трансформација на
   (високо                        до 20%, значајно               аграрните региони; ограничување на
  емисионо                       зголемување на топлотни       урбаната експанзија во ризични зони;
   сценарио)                        екстреми и поројни           редефинирање на хидроенергетските
                                  поплави                    и туристичките стратегии и приоритет
                                                               на заштита на водните ресурси

      Интегрален индекс на климатска ранливост (ИКР)       – методолошка основа и
просторна интерпретација

       За потребите на Просторниот план е изработен Интегрален индекс на климатска
ранливост (ICR), како синтетички показател кој ги интегрира клучните компоненти на
климатските промени и просторната изложеност. Индексот ги комбинира: (1) трендот на
годишната сре дна температура (1991   –2020), (2) трендот на летните врнежи (јули       –
септември), како индикатор на аридизација, (3) зачестеноста на екстремни настани (жешки
денови >35°C и обилни врнежи >30 mm), (4) урбаната изложеност и (5)
орографската/висинската чувствителн     ост. Овие интегрални индекси овозможуваат
едновремено согледување на климатските трендови и просторната структура на ризикот.
Индексот на климатска ранливост овозможува креирање на синтетичка, компаративна и
плански употреблива слика за ранливоста на прост       орот, што е особено значајно при
дефинирање на приоритети за адаптација, ограничување на урбана експанзија и насочување
на инфраструктурните инвестиции.

      Индексот на климатска ранливост  е класифициран во пет категории (1  –5), од многу
ниска до многу висока ранливост.

      Класа 1 – Многу ниска ранливост

      Во високопланинските подрачја: Шар Планина, Кораб  –Бистра, Јабланица, Пелистер,
Осогово и други повисоки масиви доминира многу ниска ранливост на климатски промени.
Овие простори се карактеризираат со пониски температурни трендови, помала урбана
изложеност и релативно постабилен летен воден биланс. Просторно, тие претставуваат зони
со помал приоритет за итни адаптациски мерки, но со значајна улога во одржување на
екосистемските услуги (вода, шуми, биодиверзитет).

      Класа 2 – Ниска ранливост

      Планинско -ридските подрачја околу главните масиви и делови од повисоките
котлини се послабо ранливи на климатските промени. На овие простори климатските
трендови се умерени, а антропогената изложеност е ограничена. Потребно е континуирано


                                                                              270
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":316}>>>
