<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":310,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=310"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план


      Во рудникот и флотација за бакар “Бучим”, Радовиш,   потребно е подржување на
постојниот систем за заштита на водите, почвите и воздухот и продолжување на примена на
мерки за заштита на животната средина од јаловиштето на флотациска јаловина.

      Во рудникот и флотација за арсен и антимон, Лојане, неопходно е итно изготвување
на проект и привремено покривање на депониите во Лојане и Табановце со арсенов
концентрат во Лојане и во Табановце како и санација на нивната непосредна околина, потоа
отстранување на арсеновиот концентрат од двете локации и не  гово транспортирање надвор
од земјата (извоз за реупотреба или складирање на безбедни локации), санација на
флотациската јаловина со покривање, ремедијација, пошумување и слично, како и санација
на загадените почви и подземни води во поширокиот регион.

      Во рудникот и флотација „Саса", Македонска Каменица   - да се изврши  санација и
рекултивација на преостанатото јаловиште на рудникот и флотацијата.

      Во Силмак/Југохром    - Решавање на проблемите со зафаќањето на површинските
води и обезбедување на континуирана работа на станицата за пречистување на овие води
преку редукција на хром (VI) до хром (III); покривање на депонијата со водонепропустлив
материјал за спречување на зага   дување на воздухот и подземните води од депонијата;
решавање на проблемите со загадените подземни води со хром(VI) и преземање на други
мерки предвидени во студијата на Eptisa (2007b).

      Во рудникот и флотација „Тораница", Крива Паланка,до изградбата на втората брана
за депонирање на флотациска јаловина да се подобри системот за пречистување          на
исцедните води од постојната депонија. По отпочнување со работа на втората депонија да се
рекултивира старата депонија како и да се изгради пречистителна станица за пречистување
на водите од депонијата.

      Во рудникот и флотаци „Злетово", Пробиштип, треба да се изврши санација на
депониите за флотациска јаловина.

      Во РЕК Битола, мерките опфаќаат санирање и рекултивирање на рудникот за јаглен
со можности за искористување на просторот за изградба, на пример, на фотоволтаични
централи и санирање на депониите на пепел и троска од согорувањето на јагленот. Според
обврските кои ги има преземено Републик     а Северна Македонија, термоелектричната
централа треба да престане со употреба на јаглен до 2030 година и ќе се преориентира на
работа на гас.

      Во Макстил, Скопје е потребно санирање на филтер прашината депонирана од
поранешното работење на Макстил и подобрување на законската регулатива за извоз на
оваа прашина како секундарна минерална суровина за производство на цинк и други метали,
и стимулирање на нејзината упот реба како суровина за производство на метали во просторот
на Железарницата.

      Во топилницата ФЕНИ, Кавадарци,  троската не претставува опасност по животната
средина поради нејзината компактност, а може да се користи како секундарна суровина со
повеќенаменска примена. Досега се преземени мерки за преработка на дел од троската и
нејзин извоз, а со измена на законска та регулатива може да се користи во градежништвото.

      Во депонијата на фосфогипс    “ХИВ Велес”    - санирање и ремедијација за да се
спречи/намали загадувањето на воздухот и подземните води.

      Во РЕК Осломеј   - да се продолжи со санацијата на останатиот дел од рудникот и
афектираниот простор на Кичевско Поле, а просторот на рудникот да се искористи за



                                                                              265
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":310}>>>
