<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":309,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=309"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план


     Мерки за управување со квалитетот на почвите:

         · Утврдување на гранични вредности на основните показатели за квалитетот на
       почвата;

         · Намалување на загадувањето на почвата во граници на дозволените вредности
      според стандардите во ЕУ до донесување на национална легислатива за максимално
      дозволени концентрации на елементи во почвата;

         · Намалување на загубите на хранливи материи во почвите;

         · Контролирана експлоатација на површини со цел да се избегне деградирање на почви
       со висок квалитет;

         · Спречување на опустинувањето и обновување на деградираните површини;

         · Користење на л окациите на кои е извршена ремедијација на почвата за намена кои
      немаат негативни последици по здравјето на луѓето;

         · Спречување на нето заземање на земјиште.

      Мерките за намалување на бучавата во животната средина се класифицираат на:

         · Мерки за намалување на бучавата во самиот извор на бучава и

         · Мерки за заштита на рецепторот преку попречување на патот на бучавата од изворот
      кон рецепторот.

       Најдобрите практики вклучуваат и дополнителни мерки, кои генерално се сведуваат
на намалување на бучавата од патниот и железничкиот сообраќај и од градежните
активности, како и усогласување на законската регулатива со европското законодавство.
При тоа, нео пходно е континуирано следење на бучавата и спречување на негативни
влијанија врз здравјето на луѓето кои живеат во непосредна близина на изворот на бучава.

      Мерките за справување со жешките точки            вклучуваат истражување на
локалитетите и спроведување на конкретни мерки за санација, прилагодени на видот на
загадувањето и настанатата штета во животната средина. Комплексноста на проблематиката
наметнува потреба од зајакнување на капацитетите за управув     ање со жешки точки на
централно и локално ниво.

       За постигнување на предвидените мерки, по одделни точки, потребно е:

       За справување со  жешката точка ОХИС   , потребно е: обезбедување на финансиски
средства за континуиран мониторинг на загадувањето на воздухот, водите и почвата на
просторот на депониите на HCHs и околината, решавање на загадувањето на објектот за
електролиза и околните почви со жива; отстранувањ  е на опасниот отпад и контаминираната
почва од малата, големата и депонијата во Пеленица, рекултивација на просторот во
непосредната околина со цел да се спречи пренос на цврсти честички во воздухот во Скопје
и трајно отстранување на проблемот со загадувањ  ето на подземните води во непосредната
околина.

      Во топилница Злетово во Велес, мерките опфаќаат: овозможување на што е можно
пократок рок за отстранување на троската депонирана на оваа локација и обезбедување
средства за отстранување и/или ремедијација на дел од почвите кои се екстремно загадени
со тешки метали и регулирање на земјоделските активности  на овие површини.





                                                                              264
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":309}>>>
