<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":307,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=307"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план


конфликти и да се понудат интегрирани плански решенија. Овие картографски прилози се
стандардни не само за Просторниот план на Државата туку и за регионалните просторни
планови, а единствен исклучок можат да бидат просторните планови за заштитените
подрачја (национални паркови, речни сливови и сл.) каде содржината зависи од спецификата
на просторот за кој се изготвува планот. Синтезните карти се изработуваа за следните
области и ги содржат следните тематски слоеви:

     1. Намена на површини/Користење на земјиште: Земјоделство; Шуми; Пасишта;
      Минерални ресурси; Води;
     2. Просторно -функционална организација: Население; Урбанизација и систем на
       населби; Домување; Стопанство; Јавни функции; Туризам;
     3. Инфраструктура    - Водни ресурси и водостопанска инфраструктура; Енергетска
       инфраструктура; Комуникациска инфраструктура; Сообраќај;
     4. Реонизација и категоризација на просторот за заштита    - Животна средина; Природно
       наследство; Културно наследство; Природни и технички катастрофи.

      Геоинформатичката платформа ќе се користи и при оперирање со инструментите за
спроведување на Просторниот план.

      Ажурирање при измена на просторните планови

      Заради законските процедури просторните бази во кои се сместени поединечните
усвоени просторни планови треба да бидат заштитени од измена освен во случаите кога
согласно релевантната регулатива и Програмата на Владата се изврши промена или
дополнување на с оодветниот просторен план. Од тие причини базите на податоци кои ги
содржат усвоените просторни планови треба да се интегрираат според следните чекори:

     1. Креирање и уредување на базата на податоци,
     2. Одредување на привилегии за пристап,
     3. Доделување на привилегии за измена,
     4. Систем за автентикација,
     5. Мониторирање на пристапот и активноста на корисниците,
     6. Бекап и обновување на податоците  .
      Управување со метаподатоците

      Метаподатоците претставуваат збир на податоци кој ги опишуваат и даваат
информации за геопросторните податоци. Тие се неопходни за идентификување на изворите
и потеклото на геопросторните податоци, нивните основни технички карактеристики
поврзани со размер   от, проекцијата и слично, што ќе ја олесни нивната употреба,
споделување и пребарување. Поради ова, во процесот на аквизација и креирање на
тематските содржини од просторниот план, неопходно е за секој геопросторен податок да се
креираат соодветните метапо датоци.

       Безбедност и отвореност

       Институциите од јавниот сектор, мора да ги прошират своите цели за дигитална
трансформација со вклучување на услуги и технологија за безбедност. Идентификувањето и
поправање на пропустите, обезбедувањето податоци и имплементирањето на системи за
откривање и одговор на инциденти е важно за секоја институција, каде податоците се клуч
за нејзиното постоење.




                                                                              262
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":307}>>>
