<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":301,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=301"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план


гасни производни постројки, потребни се дополнителни конекции до приклучните точки на
гасоводната мрежа.

       Електропреносна мрежа   е поделена на три региони: северен, западен и источен.
Северниот регион во голема мерка се поклопува со Скопскиот плански регион, додека
западниот и источниот регион приближно се поклопуваат со планските региони на запад и
исток на земјата. На оваа мрежа    се приклучуваат електрични централи со инсталирана
моќност над 10 MW.

      Во северниот регион на преносната мрежа за решавање на проблемот со големите
вредности на струите е неопходно секционирање, на собирниците на 110 kV во
трансформаторските станици Скопје 1 и Скопје 4.

      Во полошкиот регион покрај изградбата на 110 kV далновод од ХЕЦ Вруток до
трансформаторската станица Тетово 1, се предвидува и реконфигурација на водот од ХЕЦ
Вруток до трансформаторската станица Скопје 1, за надминувања на преоптовареноста на
делови од мрежата при испад на далноводи.

      Во југозападниот дел од преносната мрежа предвидена е изградба на
трансформаторска станица 400/110 kV во Охрид со што значително ќе се подобри
квалитетот на напоните во тој дел од мрежата и сигурноста на напојувањето, а ќе се оствари
интерконективна врска со Албанија на 400 kV.

      Во западниот дел од мрежата се предвидува реконструкција на далноводите на
потезите: ТЕЦ Осломеј -Кичево -Сопотница -Битола 1 и Полог -ХЕЦ Вруток -ХЕЦ Шпиље -ХЕЦ
Глобочица -Струга.

       Југоисточниот регион има најповолни услови за изградба на производни капацитети
кои ќе користат обновливи изводи на енергија, но и проблеми со напоните и
преоптоварувањата, особено при сценарија со зголемена интеграција на обновливи извори
на енергија. Ови е проблеми може да се надминат со:

      · изградба на нова трансформаторска станица 400/110 kV Милетково со два
      трансформатори од по 300 MVA и можност за додавање на трет,

      · приклучок со новата трансформаторска станица на постоечкиот 400 kV далновод
       Дуброво-Солун,

      · реконструкција на постоечкиот далновод Валандово  -Милетково и негово поврзување
       со новата трансформаторска станица и

      · изградба на нов далновод на 110 kV Валандово -Струмица 2 и изградба на нов кабелски
      вод Струмица 1-Струмица 2.

      Во североисточниот дел од преносната мрежа е потребна изградба на нова
трансформаторска станица 400/110 kV во Куманово, како и реконфигурација на
далноводите со кои се поврзани постоечките трансформаторски станици Куманово 1 и
Куманово 2, за поврзување на     предвидените фотонапонски и ветерни централи во
преносната мрежа.
       За намалување на загубите на електрична енергија во дистрибутивната мрежа,
неопходна е замена на надземните водови со подземни (каде што е можно), преминување на
напон од 20 kV, инсталација на нови трансформаторски станици за скратување на
нисконапонските линии, како и автоматизација и далечинско управување со мрежата.





                                                                              258
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":301}>>>
