<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":300,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=300"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план


мазут како гориво. Мазутот како гориво во индустриските и енергетски постројки е заменет
со природниот гас како енергенс.

       Вкупната должина на досега изградената мрежа на системот за пренос на природен
гас изнесува 209,56 km (од кои 129,614 km е должината на магистралниот гасовод и
разводните гасоводи и 79,952 km должината на градските гасоводни мрежи во: Крива
Паланка, Кратов  о, Куманово и Скопје). Во планскиот период претстои изградба на
интерконектори со соседните земји, со приоритет на интерконекторот кон Грција на
делницата Неготино до граничниот премин Богородица, со должина од 66,64 km, со кој ќе се
овозможи снабдување со  дополнителни количини на природен гас за нашата земја и за
транспорт кон север. Планираната магистрална гасоводна мрежа ги опфаќа делниците:
Штип -Радовиш -Хамзали -Струмица -Богданци -Грција со должина од 109,89 km, Пробиштип   -
Кочани-Делчево -Берово со должина од 110,79 km, Свети Николе -Велес со должина од 27,68
km, Гостивар -Кичево -Охрид со должина од 90,59 km, Скопје  -Блаце со должина од 21,66 km
и Клечовце -Табановце со должина од 22,36 km (вкупно 449,61 km).





    Слика бр. 38 Мапа на гасоводниот систем во Република Северна Македонија

     Од планираните интерконектори со соседните земји (Србија, Грција и Косово),
приоритет ќе има изградбата на интерконекторот кон Грција на делницата Неготино  -граница
со Република Грција, со кој ќе се овозможи снабдување како за нашата земја, така и за
трансп орт кон север. Мрежата треба да се развие и во насока на коридорот 8 односно преку
западна Македонија кон Албанија.

      Во внатрешната мрежа на магистрални и градски дистрибутивни системи со која се
обезбедени гасни врски до Скопје, Битола и Неготино, каде се планирани когенеративни





                                                                              257
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":300}>>>
