<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":296,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=296"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план



     Год.      ТЕЦ         ТЕЦ         ТЕЦ гас      ХЕЦ         ВЕЦ       ФЕЦ       Биогас     ВКУПНО
                 јаглен        мазут
             Pinst/Wgod   Pinst/Wgod   Pinst/Wgod   Pinst/Wgod   Pinst/Wgod  Pinst/Wgod  Pinst/Wgod  Pinst/Wgod
           (MW)/(GWh)  (MW)/(GWh)  (MW)/(GWh)  (MW)/(GWh)  (MW)/(GWh) (MW)/(GWh) (MW)/(GWh) (MW)/(GWh)
    2031    233/1200     0            530/3090     693/1492     412/974     1386/1943   18/108      3272/8807

    2032    0           0            530/3090     693/1492     732/1731    1520/2130   18/108      3493/8552

    2033    0           0            530/3090     693/1492     732/1731    1520/2130   18/108      3493/8552

    2034    0           0            530/3090     693/1492     732/1731    1520/2130   21/126      3496/8570

    2035    0           0            780/4590     873/2242     732/1731    1520/2130   21/126      3926/10820

    2036    0           0            780/4590     873/2242     732/1731    1520/2130   21/126      3926/10820

    2037    0           0            780/4590     1203/2582    732/1731    1520/2130   21/126      4256/11160

    2038    0           0            920/6090     1203/2582    732/1731    1750/2453   25/150      4630/13006

    2039    0           0            920/6090     1203/2582    732/1731    1750/2453   25/150      4630/13006

    2040    0           0            920/6090     1545/3382    732/1731    1800/2523   25/150      5022/13876

      Како резултат на намалување на употребата на јаглен како енергенс (  Табела бр. 73) и
неговото комплетно исфрлање од употреба во 2032 година, постојните капацитети на јаглен
(ТЕЦ Битола и Осломеј) и мазут (ТЕЦ Неготино) во планскиот период ќе се затворат, а базното
производство ќе се замени со когенеративни постројки на гас. Ветерните п         аркови и
фотоволтаиците ќе се градат континуирано според можностите на преносната и
дистрибутивна електрична мрежа. Електраните за кои постојат реални услови            46 да се
изградат во планскиот период се усогласени со развојните планови на МЕПСО, но зависат и
од генералната политика на Владата, односно новоформираното Министерство за
енергетика, рударство и минерални суровини, чии насоки се вградуваат во годишните
планови за изградба на енергетски објекти за производство на електрична и топлинска
енергија и складирање на електрична енергија. Тоа се оперативни инструменти за
спроведување на Интегрираниот национален план за енергија и клима на Република
Северна Македониј а (НПЕК), преку чија конкретизација во мерки, активности и инвестиции,
се обезбедува имплементација на утврдените национални енергетски и климатски цели.





    График бр.   13 Инсталирана моќност и очекувано годишно производство на производни
    капацитети по технологии и соодветни енергенси за периодот до 2040 год.

      На регионално ниво, најголем интерес за изградба на фотоволтаични централи има
во Пелагониски, Источен и Југоисточен плански регион.





46 Во периодот 2020 -2025 година издадени се Услови за планирање на просторот за повеќе од 800 фотонапонски
централи и соларни електрани и повеќе од 10 ветерни електрани


                                                                              253
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":296}>>>
