<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":294,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=294"}>>>
                Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план


         Мерките за енергетска ефикасност во потрошувачката на финална енергија за
    домаќинствата и комерцијалниот сектор, вклучуваат високо ефикасни апарати во
    домаќинствата, комерцијалниот и јавниот сектор, изолација на постојните и на новите
    станбени објекти со в  оведување на објекти со речиси нулта енергија, модернизација и
   проширување на постојните и изградба на нови системи за централно греење, со употреба на
   комбинирани постројки, топлински пумпи и обновливи извори на енергија.

          Најголем придонес во индустријата може да се постигне со воведување на ефикасни
    технологии кои ќе овозможат промена на енергентот (од јаглен во гас), како и употреба на
    ефикасни електрични мотори. Во поглед на енергетските заштеди во транспортот, замената
    на стари возила со енергетски ефикасни, електрификација на патниот сообраќај (ЕВ                -
    електрични возила), како и модален премин од патен кон железнички товарен транспорт, од
    автомобил кон автобус за патнички превоз и повеќе велосипедизам/пешачење во урбаните
   средини се сметаат за најзначајни мерки.

          Уделот на ОИЕ во вкупната потрошувачка на финална енергија се зголемува од 35        -
   45% во 2040 година.

6.5.3.2.  Производен систем на електрична енергија

           Проекцијата на развој на производниот систем     за електрична енергија   поаѓа од
    следните аспекти:

                · Застареност на постојните технологии на јаглен и мазут;
                · Исцрпеност на домашните резерви на јаглен и незадоволителен квалитет (ниска
           калоричност);
                · Современите трендови за декарбонизација на енергетскиот сектор;
                · Очекуваните еколошки пенали за емисија на јаглероден диоксид и стакленички
           гасови после 2027 година;
                · Развој на гасоводниот систем со интерконектори со соседните земји и внатрешна
         мрежа за дистрибуција на природен гас;
                · Цената и трендовите на пазарот на електрична енергија;
                · Неизвесност околу субвенционирањето на технологиите од ОИЕ (веќе
          фотоволтаиците се на слободен пазар) и неконкурентност на цените на електричната
           енергија произведена од ОИЕ;
                · Билансирање на моќноста и енергијата во системот.

    Производниот систем на електрична енергија во планскиот период ќе го сочинуваат големи
   и помали производни постројки. Големите производни капацитети (со инсталирана моќност
   над 10 MW ), кои бараат повисоки инвестициони вложувања се планирани на државно ниво
   од надлежните министерства и АД ЕСМ како државна компанија. Тие се приклучуваат во
    високонапонската преносна мрежа. Помалите производни постројки се: ФЕЦ, ВЕЦ, мали ХЕЦ
   и биогасни пост ројки, со моќност до 10 MW, кои се приклучуваат на дистрибутивната мрежа.

        Табела бр. 70 Планирани термоцентрали до 2040 година

        ТЕЦ                        Pel/Pter (MW)   Wgod (GWh)   CF (%)  Год.    Тип

         Гасна ТЕЦ во Битола      250/150          1500           0.68    2030    Коген.ТЕЦ на природен
                                                                                                гас
         Гасна ТЕЦ во             250/150          1500           0.68    2035    Коген.ТЕЦ на природен
         Енергетика Скопје                                                                  гас
         Гасна ТЕЦ во Неготино    200 -400          1500           0.68    2038    ТЕЦ на природен гас



                                                                                  251
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":294}>>>
