<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":293,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=293"}>>>
               Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план



 6.5.3.  Енергетика и енергетска инфраструктура

           Енергетската транзиција, како еден од приоритетите на овој План до 2040 година ќе
   обезбеди етапно затворање на електраните на јаглен и нивна замена со електрани на
   обновливи извори на енергија (ОИЕ), вклучувајќи го и водородот, како енергенс кој ќе
   помогне во интеграција на енергијата произведена од обновливи извори. Ефектите од оваа
    транзиција се намалување на емисиите на CO  2 и влијанието врз животната средина.

         Со политиката за декарбонизација на индустрискиот и енергетскиот сектор, јагленот
   и нафтата како енергетски ресурси ќе бидат редуцирани и заменувани со гасот како
    енергетски ресурс од фосилен тип кој помалку загадува со јаглерод диоксид и нема сулфур
   во св ојот хемиски состав. Исто така, ќе се зголеми и уделот на биомаса во индустрискиот
    сектор.

6.5.3.1. Финална потрошувачка на енергија по енергенти и сектори

         Со оглед на тоа што индустријата е сеуште зависна од јагленот, потрошувачката на
    јаглен ќе расте, достигнувајќи ниво од 6836 TJ во 2034 година, а потоа ќе почне да се
    намалува. Останатите сектори до 2040 година ќе користат само 2 TJ јаглен (согласно
   политиката за декарбонизација) и постепено ќе се преориентираат кон алтернативни извори
   на енергија.

          Потрошувачка на огревно дрво во индустријата ќе расте до 1528 TJ во 2034 година, а
    потоа благо ќе се намалува, додека во останатите сектори ќе опаѓа (од околу 8000    -9000 TJ
   во 2028 година, до 4781 TJ во 2040 година), што укажува на отфрлање од огревното дрв   о во
   неиндустриски употреби.

          Потрошувачката на природен гас постепено ќе се зголемува во сите сектори,
    достигнувајќи 2527 TJ во 2040 година. Најголем потрошувач ќе биде индустријата, потоа
    транспортот, каде се очекува зголемување на потрошувачката до 324 ТЈ до 2040 година и
    останатите сектори, со вкупна потрошувачка од 1145 TJ до 2040 година.

          Вкупната потрошувачка на електрична енергија ќе расте скромно, во чекор со
   економскиот раст и развојот на индустријата и ќе достигне нешто повеќе од 28000 ТЈ во
   2040 година. Во транспортот, потрошувачката ќе биде ниска и со постепен пад, а во
    останатите се ктори, со благ пораст на почетокот и потоа стагнација во целиот плански период
    (18800 TJ во 2040 година).

          Потрошувачка на топлина ќе биде со надолен тренд до 2040 година (1382 TJ), поради
   зголемена ефикасност, намалена зависност од топлина или евентуални промени во нивоата
   на индустриска активност. Во индустријата ќе достигне вредност нула во 2040 година,
   додека во останатите сектори потрошувачката на топлина ќе остане на константно ниво над
   1000 TJ во текот на целиот период до 2040 година.

        Што се однесува до обновливите извори на енергија, забележителниот пораст кој
   почна во 2021 година ќе продолжи, достигнувајќи 980 ТЈ до 2040 година, како резултат на
    се поголемо искористување во сите сектори, во насока на постигнување на целите за
   декарбонизација и економските промени кон одржлива енергетика. Потрошувачката ќе биде
    најголема во индустријата (669 ТЈ до 2040 година), а во останатите сектори, со умерен раст,
    така ќе достигне 311 ТЈ во 2040 г.





                                                                                 250
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":293}>>>
