<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":291,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=291"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план


       Браните и акумулации се објекти од стратешко значење и највисок јавен интерес, чија
улога во одржливиот развој е уште позначајна поради фактот што водата станува се
поскапоцен ресурс. Од друга страна, изградбата на акумулации, покрај тоа што е
исклучително сложен и скап зафат, ангажира и големи површини земјиште. Со оглед на тоа
што акумулациите се локациски строго врзани објекти, односно може да се градат само на
одредени места, нивното планирање и изградба многу често е во конфликт со останатите
намени на зeмјиштето: населби, инфраструктурни и други објекти, културно и природно
наследство, како и обработливо и друго продуктивно земјиште. Дел од овие конфликти може
да се решат на ова ниво по пат на предлог на технички решенија со кои се избегнуваат
влијанијата  врз другите намени, но во понатамошните активности неминовмо ќе се
појавуваат и нови кои ќе се решаваат во процесот на планирање на подетално ниво,
проектирање и изградба.

      Акумулациите кои се предвидуваат во речното корито на Вардар (Ѓавато, Милетково,
Гевгелија, Дубљаниќ, Градско и др.) ќе се изведуваат како речни прегради оформени со
странични насипни конструкции кои ќе го запоседнат само коритото на реката и на тој начин
ќе се спречи плавењето на околното земјиште, со што во исто време ќе се изврши и заштита
на околниот терен источно и западно од р. Вардар во услови на оперативно работење на
речните хидроцентрали, при кота на нормално ниво (максимално работно ниво). Сепак,
доколку и покрај ваквите технички решенија се појават и конфликти од друга природа (како
кај акумулацијата Кукуречани, која најверојатно по ревалоризација на локалитетот Стоби и
проширување на заштитната зона поради нови археолошки откритија, ќе навлегува    во дел
од заштитната зона), истите ќе се решаваат соодветно во напредните фази на планирање и
проектирање на акумулациите. Конфликти се можни и со подрачјата на населени места и
инфраструктурни траси и објекти (акумулацијата Пчиња, која плави дел од насел   ени места,
пречистителната станица за град Куманово и површини на плодно земјиште; акумулација
Издеглавје која навлегува во трасата на автопатот и железницата Кичево     -Охрид). Ваквите
конфликти најчесто се решаваат со намалување на котите на нормално ниво на
акумулациите или поместување на профилот на браната (акумулација Вакуф, за заштита на
локалитетот Куклица), а објектите во непосредна близина на акумулациите се заштитуваат
со насипни конструкции (брана и акумулација Пчиња). Особено е чувствителна состојб     ата
кога изградбата на акумулациите предизвикува потопување на населени места (акумулација
Градец, Бразда, Калуѓерица и др.). Во такви случаи неопходно е да се оцени јавниот интерес,
и да се донесе одлука со голем бенефит, но секако со конечното решение е    потребно да се
обезбеди ист или повисок квалитет на живот за населението од подрачјето, кое мора и во
услови на изградба на акумулацијата да го има најмалку истото ниво на животен стандард и
достапни услуги, во прв ред пристапен пат и придружна инфраструкт   урауслуги за живеење.





                                                                              249
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":291}>>>
