<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":277,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=277"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план


 Група на населено     Категорија на             Водоснабдителна норма Qo [l/д. жител]
       место         потрошувачка           2021              2030               2040
                      Загуби                          200                132                90

                    Вкупно                         400                330               300

                    Домаќинства                     90                100                115

                    Друго                            60                 62                60
       V
                      Загуби                          150               108                 75

                    Вкупно                         300                270               250

      Според претходното, вкупните потребни количини вода за водоснабдување на
населението во 2040 година изнесуваат 11.70 (m     3/s), односно 251.44 х 10   6 (m3/god), а за
населението, туристите и индустријата, вкупно 20.97 (m   3/s) вода, или 467.39 х 10 6 (m3/god).





      График бр. 10 Потреби за вода за водоснабдување по сливови за период 2021  -2040 година

       Вкупната количина на отпадни води од население, туристи и индустрија до 2040
година е проценета врз основа на состојбата и проекцијата на инфраструктурата, во
планскиот период. Според тоа, количината на отпадните води од населението во 2040
година се предв идува да изнесува 8.47 (m    3/s), или 198.46 х 106 (m    3/god), или вкупната
количина отпадна вода од населението, туристите и индустријата е 12.05 (m   3/s), или 274.24 х
106 (m3/god).

      Биланс на расположивите и потребните количини на вода

       Квантитативната расположивост и ранливост на водните ресурси е од витално
значење за обезбедување на одржливо управување со водите. Согласно територијалната
расположивост и искористеност на водните ресурси, преставен е воден биланс (водна
рамнотежа заснова на на законот за конзервација на маса) и индикатори за периодот до 2040
година.





       Слика бр. 35 Вкупни расположиви водни ресурси по подсливови во планскиот период, под
                 влијание на климатските промени за сценариото RCP8.5 (милиони m3)

                                                                              235
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":277}>>>
