<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":276,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=276"}>>>
               Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

 6.5.2. Управување со води, водостопанство и хидротехничка инфраструктура

6.5.2.1. Управување со води

         Водоснабдување и одведување на отпадните води

          Основа за утврдување на вкупните потребни количини вода за водоснабдување на
    населението, туристите и индустријата во планскиот период до 2040 година се стратешката
   заложба за рационализација на потрошувачката на вода, како и демографските показатели
    за пл анскиот период. И покрај негативниот тренд на природниот прираст, потребните
   количини вода се одредени со позитивен прираст од 0,5%, ради присуство на голем број на
   нерезидентно население во зимски и летен период од годината.

          За пресметување на потребните количини на вода, кои се определени во зависност
   од големината на населените места, издвоени се пет групи на населени места.

        Табела бр. 56 Поделба на населените места по категории

        Група                                       Населено место
                   I         Скопје (општини на град Скопје)
                   II        Куманово, Тетово, Битола, Велес, Прилеп, Охрид, Струга, Штип, Гостивар, Струмица
                  III         Кичево, Кавадарци, Неготино, Кочани, Св. Николе, Валандово, Гевгелија, Дојран, Ресен,
                    Дебар, Шуто Оризари.
           IV        Крива Паланка, Кратово, Берово, Пехчево, Делчево, Виница, Пробиштип, Крушево, Радовиш,
                  Македонски Брод, Македонска Каменица, Демир Хисар
        V        Селски населби

          За секоја категорија на населени места, определена е вредноста на општата и
   пооделна вредност на специфичната потребна количина на вода (водоснабдителна норма   –
   л/ден жит.), за почетокот и крајот од планскиот период. Имајќи ја предвид актуелната
   нерационална потрошувачка на вода, како и глобално и локално поставените цели за
   рационална потрошувачка на водните ресурси,утврдена е потреба од намалување на
    загубите на вода во водоснабдителните системи во планскиот период (до 2040 година) од
    актуелните 50 на 30%   . Потребите на вода за домаќинствата ќе се зголемат просечно за 15%,
    како резултат на подобрување на животниот стандард на населението и зголемување на
   потрошувачка на вода заради климатските промени. Потрошувачката на вода за
    категоријата „друго“ во која   спаѓаат комерцијалните потреби, лесна индустрија и јавните
    потреби, во планскиот период ќе биде со мало зголемување од 4%.

        Табела бр. 57 Вкупна и пооделна водоснабдителна норма за период до 2040 г     .

      Група на населено     Категорија на             Водоснабдителна норма Qo [l/д. жител]
           место         потрошувачка           2021              2030               2040

                        Домаќинства                     165                176               184

                         Друго                           110               109                96
                         I
                          Загуби                          275               190                120

                        Вкупно                         550                475               400
                        Домаќинства                     150                159                170

                         Друго                           100                99                 89
                         II
                          Загуби                          250                172                111

                        Вкупно                         500                430                370

                        Домаќинства                     135                137               143
                         Друго                            90                 85                 74
                        III
                          Загуби                          225                148                93

                        Вкупно                         450                370                310

                        Домаќинства                     120                122               138
               IV
                         Друго                            80                 76                 72


                                                                                 234
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":276}>>>
