<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":274,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=274"}>>>
               Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

6.5.1.7. Побарувачка за сообраќај до 2040 година

         Предложените инфраструктурни решенија за планскиот период до 2040 година се
   внесени и во софтверски симулации со транспортниот модел подоготвен со со     ф твер за
   мониторирање на сообраќајот во реално време  и добиени проценки на идната побарувачка
    за тра нспорт по транспортен вид, која се базира на податоци од базната година 2019        -та.
   Промените кои се предвидуваат во транспортните видови во целната година 2040 и
    еволуцијата на клучните варијабли поврзани со побарувачката за транспорт се вклучени во
   моделот. Во транспортниот модел за 2030 и 2040 година е разгледувано т.н. сценарио СО
   ПРОЕКТИ кое ги опфаќа новите инфраструктурни проекти кои се предложени за патната и
   железничката инфраструктура и таа е споредена со состојбите во сценариото БЕЗ ПРОЕКТИ.

         Предложените проекти за брзи пруги и модернизација на постоечките пруги, прават
   евидентна разлика во модалната распредлеба на патувањата на железницата. Во 2040
   година проекциите се дека би имало помалку околу 13 700 патнички автомобили на ден на
    патната м режа во државата, помалку околу 1300 патници/ден со автобуси, но би имало
   повеќе од 29000 патници/ден во железничкиот превоз на патници. Во товарниот транспорт
   би имало помалку околу 300 камион/ден и зголемување на превозот со железница за околу
   3500 тони на ден. Овие проекции ја потврдуваат оправданоста на предложените проекти во
   однос на дефинираните цели кои се водечки патоказ за проектите до 2040 година.





                                                                                 233
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":274}>>>
