<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":273,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=273"}>>>
               Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

6.5.1.5. Воден транспорт

          Внатрешната пловидба во Република Северна Македонија има важна улога, значаен
    потенцијал и добри предуслови за развој.

           За остварување на целите на развој на внатрешната пловидба на Охридското Езеро,
    се препорачуваат следните мерки:

            · Изработка на потребна урбанистичка документација за изградба на пристаништа и
          пристани на крајбрежјата на Охридското Езеро;

            ·  Реконструкција на постојните пристаништа и пристани и изработка на проекти за
          доградба и изградба нови;

            · Обезбедување на п ловила ангажирани во јавниот превоз;

            · Воведување линии на јавен линиски превоз со пловила;

            · Посебни станици за снабдување со гориво за пловните објекти;

            · Одржување на инфраструктурата која е во функција за извлекување на пловни објекти
          на суво.

        Можни локации за пристаништа и пристани на Охридското Езеро:

           А) Пристаништа: Охрид 7 ha, Охрид    - Канал  - Билјанини извори, Струга до 2 ha, Св.
   Наум до 1 ha.

            Б) Пристани: Охрид  - Грашница, Св. Стефан до  -1 ha, Пештани до -1 ha, Градиште до -
   1 ha, Трпејца до -1 ha, Св. Наум до -1 ha, Радожда до -1 ha, Калишта до -1 ha.

            В) Пристани за хотелски комплекси (Хотел Парк  – Горица, Хотел Гранит, Хотел Инекс
    – Горица, Хотел Метропол, Автокамп Елешец, Хотел Десарет, Автокамп Љубаништа,
   Автокамп Андон Дуков, Хотел Изгрев, Хотел Бисер).

        Можни локации за изградба на пристаниште и пристани на Преспанското Езеро:

           А) Пристаниште: Стење.

            Б) Пристани: Коњско, Отешево, Крани, Остров Голем Град, Маркова Нога. Заради
    заштита на природните вредности и екосистемот на езерото од прекумерно загадување,
   потребно е да се регулира и ограничи употребата на индивидуални моторни пловила
    (глисери, чамци, скутери).

        Можни локации за изградба на пристаниште и пристани на Дојранско Езеро:

           А) Пристаниште: Централно подрачје, Стар Дојран.

            Б) Пристани: Централно подрачје, Стар Дојран, Златен брег    – Сретеново, Мрдаја –
    Сретеново.

6.5.1.6. Подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата

         Со цел да се зголеми безбедноста на сообраќајот на патиштата, неопходна е примена
   на повеќе видови мерки: превентивни, едукативни, мерки за делување на сообраќајната
    полиција, за подобрување за преглед на безбедноста на патот, за скратување на времето на
    пристигнување при сообраќајни несреќи, за превенција кон техничката исправност и
   опременост на моторните возила и унапредување на пасивната безбедност. За успешно
   имплементирање на овие мерки, неопходно е партиципирање на централната власт,
    регионалните и л окални органи на управата, професионалните организации (автошколите,
    транспортерите, транспортните компании, итн.), бизнис заедницата, како и приватните
    субјекти, невладините организации, граѓанските здруженија и др.




                                                                                 232
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":273}>>>
