<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":272,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=272"}>>>
               Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

    предлага изградба на два мултимодални терминали за превоз на патници, во непосредна
   близина на аеродромите во Скопје и Охрид, со железничко и патно поврзување.

          Интермодалниот товарен терминал во Државата ќе биде лоциран во постојната
   ранжирна станица во Трубарево, во близина на Скопје, кој треба да биде изграден и пуштен
   во употреба до 2030 година. Битен фактор за успешно функционирање на овој терминал е
   завршува ње на железничката пруга од Коридорот 8, источна и западна делница. Ранжирната
    станица Трубарево ќе биде соодветно поврзана со пругите од двата ЕУ коридори и со тоа
    побарувачката за интермодален товарен транспорт ќе се зголеми. Планираниот капацитет
   на овој терминал, кој ќе биде изграден со јавно приватно партнерство, ќе биде за најмалку
    100.000 ТЕУ  44 единици.

6.5.1.4. Воздушен сообраќај

          Меѓународниот воздушен транспорт во планскиот период ќе се одвива преку
    постојните воздухопловни пристаништа во Скопје и Охрид. За унапредување и
   осовременување на транспортот неопходни се следните активности:

                · Изградба на нова пристанишна зграда и проширување на пристанишната платформа
          на Аеродром Охрид ;

                · Техничко и технолошко доопремување на аеродромите за инструментално
         оперирање на воздухопловите (IFR) од двата прага на полетно     -слетните патеки и
          визуелно оперирање на воздухопловите (VFR) во текот на ноќта (Night VFR);

                · Инсталирање на нов функционален систем во М  -НАВ за управување и контрола на
          воздушниот сообраќај на македонското небо, за зголемување на оперативните
          капацитети и подигнување на нивото на безбедноста во воздушниот сообраќај;

                · Имплементација на стандардите и препораките од релевантната меѓународна
          воздухопловна регулатива за заштита на животната средина, оперирање на
          воздухоплови без екипаж (дронови), воздушни возила (air car), електрични летала
           (eVTOL) и заштита од сајбер напад и (cybersecurity);

                · Воведување на воздухопловни рути и изработка на мапи за визуелно оперирање на
          воздухоплови (VFR) при погодни метеоролошки услови на македонското небо.

          Секундарната аеродромска мрежа ќе ја сочинуваат 6 стопански и 4 комбинирани
   аеродроми (за стопански и спортски потреби).

        Табела бр. 55 Секундарна аеродромска мрежа

                             Име                        Категорија

                        1    Клечовце           Стопански аеродром

                        2    Полог              Стопански аеродром

                        3    Бистра              Стопански аеродром

                        4    Ресен               Стопански аеродром

                        5    Битола             Стопански и спортски аеродром

                        6    Мариово            Стопански аеродром

                        7    Кочани             Стопански и спортски аеродром

                        8    Радичево           Стопански аеродром

                        9    Струмица           Стопански и спортски аеродром

                        10   Штип               Стопански и спортски аеродром



      44 ТЕУ (TEU)   - Twenty -foot equivalent unit  – вообичаена мерна единица за контејнери со димензии според ИСО
    стандардите со должина од 6,1м, ширина од 2,4м и висина од 12,6м.

                                                                                  231
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":272}>>>
