<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":269,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=269"}>>>
               Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

  6.5. Инфраструктурни системи

 6.5.1. Сообраќај и сообраќајна инфраструктура

          Потребата од транспорт во Државата зависи од социо        -економските состојби,
   демографските промени и геополитичките процеси. За нашата земја како членка на
   Североатлантскиот НАТО пакт и  долгогодишните напори за обезбедување на полноправно
   членство во Европската унија, од аспект на развој на транспортот, значајна е транспортната
   политика на ЕУ која има за цел да обезбеди непречено, ефикасно, безбедно и слободно
   движење на луѓе и стоки прек     у интегрирани транспортни мрежи. Република Северна
   Македонија е членка и на договорот за слободна трговија во Средна Европа (ЦЕФТА) помеѓу
   земјите во Централна и Југоисточна Европа.

          Македонската економија е отворена и меѓународната размена на стоки е најизразена
   со земјите членки на ЕУ. Во 2022 година, од остварениот извоз од 3,6 милиони тони стоки,
   околу 43% од извезената количина и речиси 78% од вредноста на извозот е во државите од
    ЕУ. Увозот е речиси двојно поголем во однос на извозот.

6.5.1.1. Патна инфраструктура

          Транспортната поврзаност на Државата во планскиот период до 2040 ќе се
   реализира преку главните гранични премини: Деве Баир, Делчево и Ново Село кон Бугарија;
   Богородица и Меџитлија кон Грцијa, Ќафасан кон Албанија; Јажинце и Блаце кон Косово и
   Табановце к он Србија. За таа цел, сите патиштата    кои водат до нив  треба да се изведат
   најмалку до ниво на експресни патишта, а на останатите           , да се унифицира напречниот
   профил на целата должина на делниците и да се изведат планираните регионални патишта.

        Табела бр. 52 Планирана изградба и реконструкција на патни правци

                                                                          Рок за реализација
                  Патен правец                   Предвидена категорија
                                                                                                        (год.)
   Кичево -Охрид А2/Е65 делница од К  -8              автопат                       до 2030

   Гостивар -Кичево А2/Е65 (Гостивар     -Букојчани;    автопат                       до 2030
   Букојчани -Кичево)
   Требеништа -Струга -граница со Албанија             автопат                       до 2030
   А2/Е852
   Граница со Косово -Скопје (Блаце -Скопје) А4/Е65     автопат                       до 2030

   Прилеп -Битола А3                                  автопат                       до 2030

   Крива Паланка -граница со Бугарија А2/Е871         експресен пат                  до 2030

   Струмица -граница со Бугарија                      експресен пат                  до 2030

   Кочани -Виница -Делчево -граница со Бугарија А3     експресен пат                  до 2030

   Косел -Охрид-Св. Наум  -граница со Албанија        експресен пат (функција:          до 2030
   (обиколница на Охрид)                            обиколница)
   Тетово -граница со Косово Р1209 и поврзување на     пат со две ленти                до 2030
   Тетово со Призрен
   Велес -Катланово А1/Е75                             рекострукција: доградба          до 2030
                                                  на автопат А1 Скопје -
                                                   Велес
  Миладиновци -Куманово А1/Е75                     рекострукција: доградба          до 2030
                                                  на автопат: лента за
                                                принудно застанување



                                                                                 228
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":269}>>>
