<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":267,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=267"}>>>
             Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план


                                                               % промена
            Регион                Параметар           2019          2030          2040
                                                                                            2040/2019

                            Број на туристи              71290          82567         92723         30%
Пелагониски плански
                        Ноќевања                  183520         190336       203649          11%
регион
                        Приходи                 42966713       57562487      77097707         79%

                            Број на туристи              41994          49939         61848         47%
Полошки плански регион    Ноќевања                   84138          90673        109173         30%

                        Приходи                 20050331       27226444     40341298         101%

                            Број на туристи               10444          19054        26376         153%
Североисточен плански
                        Ноќевања                   14214          26847        36682         158%
регион
                        Приходи                  3472460        8198775     13706944        295%
                            Број на туристи             389182         569232       776090         99%

Скопски плански регион     Ноќевања                 688324        1045199       1415923        106%

                        Приходи               169489834      319198256    528578232         212%

                            Број на туристи            1184963        1610536      2100339         77%

РСМ                     Ноќевања                3262398        3880549       4749354         46%
                        Приходи               768228422     1157846836     174581899         127%

        Порастот на капацитетите за сместување е значително помал отколку очекуваниот
 пораст на ноќевања кој изнесува 45,58%   од вкупниот број остварени ноќевања. За   да се
 остварат дополнителни 1.486.956 ноќевања, новиот капацитет од 8.685 легла треба да биде
 исполнет 171 ден во годината, што е повеќе од покриеноста од 88 денови во најискористените
 капацитети на Скопскиот плански регион. Кај бројот на ноќевања, за остварување на
 планирото, потребен е поголем пораст на капацитетите за сместување, како и план за
 намалување на сезоналноста.

       Во однос на туристичката понуда, потребно е      збогатување со  нематеријалните
 вредности кои треба да се класификуваат како:  културно – уметнички, религиски, забавни,
 спортско – рекреативни, политички, научно   - едукативни и стопански. При  тоа треба да се
 интензивираат маркетиншките активности за афирмација и промоција на туристичките
 вредности, особено на меѓународниот пазар, со особен акцент на алтернативните видови
 туризам и да се промовира и практикува одговорен туризам, односно концепт на одржливост
 според кој просторот се валоризира како медиум со природни карактеристики, со неговата
 социјално-антропогена компонента.





                                                                               227
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":267}>>>
