<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":259,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=259"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

      на нивна поголема изложеност на нестабилности во економските текови. За
      одржување балансиран раст, неопходно e поттикнување секторска диверзификација
      и поддршка на секторите со опаѓачки тенденции, со адекватни мерки и инструменти,
      директна финансиска поддр шка, како и со стратешки инвестиции  ;

         · Неповолни демографски тенденции со негативно влијание врз пазарот на труд.
      Динамиката на работната сила е клучен елемент за економскиот развој на одделните
      плански региони. Проекциите за вкупното работоспособно население упатуваат на
      продолжено намалување  на населението во работоспособна возраст во наредниот
       период. Ова претставува сериозен предизвик за одржување на стабилен пазар на
       труд и поддршка на економскиот раст. Справувањето со овој предизвик бара
      долгорочни стратегии фокусирани на задржување на раб  отната сила, привлекување
      квалификувани работници и зголемување на продуктивноста преку реализација на
      образовни и тренинг програми. Промоцијата на демографската одржливост преку
       реализација на семејни политики и подобрување на квалитетот на живот, претста  вува
       задача на која треба да се фокусираат идните политики со цел намалување на
       негативните трендови во достапноста на работната сила    ;

         · Јасно изразени регионални диспропорции. Анализата уште еднаш ги потврдува
       значајните разлики меѓу регионите во однос на економските и демографските
       проекции. На пример, Скопскиот плански регион се проектира како силен економски
      центар кој може да го поттик  не растот на национално ниво, но други региони, како
      Вардарскиот и Пелагонискиот, се соочуваат со предизвици поради ограничените
       капацитети за воспоставување одржливи стапки на економски раст, како и надолни
      демографски тенденции. Балансирањето на регионал      ниот развој подразбира
      прилагодени интервенции кои ги земаат предвид уникатните карактеристики,
       предностите и потребите на секој плански регион. Оттука, политиките насочени кон
      подобрување на инфраструктурата, поддршка на локалните економии, како и
      искористување на специфичните компаративни предности на одделните плански
      региони имаат суштинско значење за намалување на регионалните нееднаквости    ;

         · Подобрување на перспективите во деловното окружување. Заеднички тренд во
       повеќето региони е флуктуацијата во претприемачката активност, при што во некои
      региони се проектира пад на новорегистрираните бизниси. Овој тренд укажува на
      потреба од политики кои ќ е поттикнат унапредување на деловната клима, особено за
      малите и средните претпријатија, кои се значајни за економската диверзификација и
      зголемувањето на вработеноста. Иницијативите кои обезбедуваат полесен пристап
      до неопходните финансии, намалените биро кратски бариери и понудата на техничка
      поддршка за стартапи, можат да помогнат во стимулирање на претприемништвото и
      иновациите во одделните плански региони.

      Подобрувањето на капацитетите за воспоставување побрз економски раст и поволни
социо-демографски тенденции во одделните плански региони во РСМ ја истакнуваат
потребата од креирање сеопфатни, долгорочни и стратешки документи кои ќе ги
инкорпорираат специфич ните карактеристики на планските региони. Ваквите документи
(планови) треба да претставуваат подлога за реализација на избалансиран регионален раст
и подобрена економска отпорност. Тоа ќе се постигне доколку се посвети соодветно
внимание на следниве задачи :

         · адресирање на регионалните разлики,

         · креирање поволно деловно окружување,


                                                                              220
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":259}>>>
