<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":257,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=257"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

земјоделството, можен е пораст кај овоштарството и сточарството, потоа евентуално
заживување на текстилната индустрија, како и поцелосно искористување на туристичкиот
потенцијал на регионот.

      Североисточниот плански регион   има најниско ниво на БДП по жител во земјата.
Иако БДП по постојани цени е зголемен за повеќе од 50% во период од 20 години, сепак се
работи за пониска стапка на раст споредено со останатите плански региони. Во
разгледуваниот период инвестициите во рударс     твото и преработувачката индустрија
бележат пад, а најмногу растат оние во градежништвото. Пораст бележат и инвестициите во
земјоделството, шумарството и рибарството. Врз оваа основа во иднина може да се очекува
развој на трговијата, транспортот и туризмот      , а во земјоделството да дојде до пораст на
производството на индустриски култури, овошни насади и површните под ‘рж и овес. Од
индустриските гранки, има услови за развој на текстилната, кожарската и прехранбената
индустрија, како и поволни услови за разво  ј на рударството.

       Југоисточниот плански регион    забележал пораст на БДП по постојани цени за
повеќе од 230% во период од 20 години, а слична е и динамиката на БДП по жител. Бруто       -
додадената вредност во речиси сите сектори бележи значителен пораст, додека податоците
за инвестициите покажуваат пад на влож увањата во трговијата, угостителството и туризмот,
а пораст кај рударството и преработувачката индустрија. Во иднина би можело да се очекува
да дојде до развој на трговијата, транспортот и туризмот, натамошен развој на рударството и
градежништвото, зголему вање на површините со фуражни култури и овошните насади, а
постојат и услови за развој на преработувачката индустрија и на ИТ секторот.

      Полошкиот плански регион  оствари раст од околу 78% во период од 20 години, а
БДП по жител пораснал за околу 67%. Со тоа, овој регион бележи понизок економски  растод
повеќето останати региони во земјата. Сепак, позитивно е тоа што во сите сектори бруто         -
додадената вредност бележи значителен пораст, особено во градежништвото, трговијата,
траспортот, угостителството и туризмот; но значаен е и растот на дејностите врза       ни со
недвижен имот, рударството и преработувачката индустрија. Вкупните инвестиции бележат
значаен пад во 2020 година, што секако ќе најде свој одраз и во стапките на економски раст.
Во планскиот период може да се очекува да дојде до развој на сточарствот         о, туризмот,
рударството, прехранбената индустрија, шумарството и дрвната индустрија, како и
градежништвото.

      Пелагонискиот плански регион  не може да се вброи во регионите со задоволителни
стапки на економски раст, со оглед на тоа што БДП по постојани цени е зголемен за околу
48% во период од 20 години, а порастот на БДП по жител е околу 60    % за истиот период.
Сепак, нивото на инвестиции е стабилно (со голем пораст до 2022 година), така што може да
се очекува забрзување на стапките на економски раст. Во поглед на бруто        -додадената
вредност, најголем пораст во последниве 20 години е остварен во    секторите земјоделство,
шумарство и рибарство, чие учество се зголемило од 8% на 20%. Исто така, значајно расте и
учеството на секторот информации и комуникации. Во иднина може да се очекува
земјоделството и натаму да зазема значајно место, а природните уб авини и другите атракции
да создаваат основа за развој на туризмот и угостителството. Минералните ресурси се основа
за развој на рударството, додека прехранбената индустрија се очекува да го следи развојот
на земјоделството. Покрај нив, ќе расте и учествот   о на енергетиката и ИТ  -секторот, развој
може да се очекува и во шумарството и дрвната индустрија.





                                                                              218
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":257}>>>
