<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":256,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=256"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

демографскиот и урбанистичкиот раст на градот Скопје, ниската стапка на инвестиции и
технолошки развој и високата загаденост, посебно на воздухот. Оттука, Скопскиот регион има
силен потенцијал за економски раст во: преработувачката индустрија, информациска      та и
комуникациската технологија, транспортот, туризмот и угостителството, финансискиот
сектор, образованието и др.

      Вардарскиот плански регион   остварува динамичен економски развој. Нивото на
БДП по постојани цени од 2000 година е зголемено повеќе од двојно, а БДП по жител е
зголемен за 2,5 пати. Со тоа, просечната стапка на раст на БДП по жител во разгледуваниот
период изнесува 4,7% годишно со ш то овој регион е подрачје со највисок економски раст во
однос на сите останати. Во поглед на инвестициите, нивниот износ во рударството,
преработувачката индустрија, енергетиката и градежништвото е во континуитет на високо
ниво, додека инвестициите во земј   оделството се преполовени во последниве десетина
години. Клучни проблеми во остварувањето на посакуваните развојни цели се: слабиот
природен прираст, иселувањето на населението, недостигот на економска зона, како и
најголемата ранливост во земјата од аспек т на можните последици на климатските промени.
Очекуваните промени во структурата на стопанството во Вардарскиот регион се во правец
на развој на органско земјоделство и производство на нови земјоделски производи, развој
на винарската, тутунската и прехран   бената индустрија за преработка на суровините од
земјоделско потекло, потоа развој на угостителството и туризмот, рударството и
преработката на руди. Исто така, може да се очекува натамошен и продлабочен развој на
машинската и металната индустрија, како и         на електро  -индустријата, трговијата,
производството на електрична енергија од обновливи извори и други дејности.Во насока на
балансиран развој, на подрачјето на Вардарскиот плански регион, поточно во Општина
Неготино, се предлага локација за индустриска зо    на, која во зависност од интересите на
потенцијалните инвеститори и економската политика може да се планира како ТИРЗ, зелена
зона или класична регионална економска зона.

       Југозападниот плански регион  бележи пораст на нивото на БДП по постојани цени
за околу 60% во период од 20 години, а БДП по жител е зголемен за 64%. Просечната стапка
на раст на БДП по жител во разгледуваниот период изнесува 2,5% годишно. Вкупните
инвестиции бележат варијации по перио ди, но и генерален пораст во однос на нивото од пред
десет години. Инвестициите во градежништвото се потврда за градежната експанзија во овој
регион, а инвестиционата активност во угостителството и туризмот доведе до пораст на
сместувачките капацитети. И п   окрај падот на додадената вредност во земјоделството и
рибарството, видлив е растечки тренд на инвестициите во овие дејности. Врз основа на
спроведената анализа, во претстојниот период во овој регион ќе продолжи развојот на
различни видови туризам ( езерск и, бањски, рурален, културен и верски. Исто така, може да
се очекува повторен подем на земјоделството, развој на шумарството, натамошен подем на
градежништвото, а постојат и основи за развој на прехранбената индустрија.

      Источниот плански регион   оствари пораст на нивото на БДП по постојани цени од
2000 година за повеќе од двојно, а БДП по жител е зголемен за два и пол пати. Ова укажува
на просечна стапка на раст на БДП по жител од 4,4% годишно во разгледуваниот период. Од
аспект на новите вложува ња, инвестициите во рударството и преработувачката индустрија
бележат пад во разгледуваниот период, а најмногу растат оние во градежништвото.
Евентуалното објаснување треба да се побара во градежната експанзија во општина Штип,
која е забележлива во набљуд уваниот период. Во структурата на стопанството во овој регион
во иднина ќе преовладуваат рударството, металургијата, металопреработувачката
индустрија, електроиндустријата, шумарството и дрвната индустрија. Што се однесува до


                                                                              217
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":256}>>>
