<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":251,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=251"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

на здравствени услуги. Од особено значење е обезбедувањето на квалитетна услуга и
достапност до чувствителните групи на население (жени на репродуктивна возраст, мали и
деца од предучилишна возраст, училишни деца и младинци, работоспособно население,
стари лица, лица со попреченост, социјално маргинализирани групи).

      Идните реформи на здравствениот систем мора да ги земат во предвид потребите од
подобрување на здравствените услуги (примарни, секундарни и терцијарни) и нивна
порамномерна распределба во просторот (подобра распределба на ресурсите според
потребите на кори сниците, намалување на нееднаквоста во користењето на здравствената
грижа, побрз и поадекватен одговор на потребите на корисниците и др.). Децентрализацијата
на здравствениот систем и здравствените услуги мора да се заснова на вклучување на
локалните заедн ици, пациентите и пошироката општествена заедница во планирањето,
спроведувањето и следењето на ефективноста на здравствената заштита. Во тој процес,
важно е зајакнувањето на постојните и формирањето на нови центри во здравствениот
систем, особено во центр ите на агломерации и урбани средини, меѓу кои особено во Битола  -
Прилеп, Тетово, Куманово, Охрид -Струга, Струмица и др.

       Стратегијата за децентрализација на    културата  се заснова на соработка помеѓу
институциите од државно значење со институциите и актерите на културата во другите,
особено помалите градови и општинските центри. Формирањето здруженија на културни
институции (јавен сектор, граѓански организации, приватен с   ектор) во локални средини со
развиени, опремени и професионално обучени институции од Скопје и неколку други
градови, е една од формите на децентрализација и дисперзија на културата. Ваквите
здруженија овозможуваат користење, задржување и обука на локалнио   т персонал, размена
на програми, различни форми на патувачки изложби и перформанси, организирање
специјализирани програми за млади, организирање детски клубови и други модалитети на
ширење на културните вредности и програми во помали населби и градови. Кон    цептот на
децентрализација на културата подразбира промена на распределбата на средства
наменети за културата во насока на културните институции и програми во помалите градови
и поттикнување на државните институции да ги организираат своите активности во п   омали
области со соодветни програми, особено во периферните и помалку развиените општини.

       Концептот на развој на  спортот е фокусиран на обезбедување пристапна спортска
инфраструктура, соодветно опремена, безбедна и економски достапна за населението од
различни групи. Фокусот е на рекреативните спортови во спортските клубови,
предучилишните установи, основните и средните учи    лишта, како и на отворените јавни
површини. Потребно е значително подобрување на училишниот и универзитетскиот спорт,
развивање на свеста за потребата од стекнување навики поврзани со спортот кај младите и
соодветно опремување на училиштата и јавните површ  ини. Особено е потребнa проценка на
можностите и спроведување на активности за подобрување на просторот за спорт и
рекреација во основни училишта во руралните населби, кои се слабо опремени и немаат
спортски објекти.

       Достапност на јавни услуги според просторни и станбени карактеристики

       Врз основа на критериумите за просторна достапност, корисниците на јавните услуги
според видот на населбата, можат да се класифицираат во следните категории:

       1.  Граѓани кои живеат во континуирано изградено урбано подрачје во Скопје и
поголемите градови (Куманово, Тетово  - Гостивар, Битола), на кои им се достапни квалитетни
услуги од двете групи (основни услуги и услуги од повисок ранг);



                                                                              213
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":251}>>>
