<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":248,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=248"}>>>
                Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

6.2.3.2.  Јавни функции

          Појдовни точки за просторна организација на јавните услуги

          Темелите на социјалниот развој се организирани и ефикасни институции со добра
    поврзаност и главна цел       - зајакнување на социјалната инклузивност, намалување на
    сиромаштијата и подеднаква достапност на услугите од јавен интерес за сите. Просторната
    организац ија и дистрибуција на јавните функции се базира на загарантираните човекови
    права и се реализира во рамките на услугите од јавен интерес.

          Политиката на јавните услуги треба да се заснова на услуги ориентирани кон
    корисникот, диверзитет во квалитетот, флексибилност во согласност со потребите на
    корисникот и локалната заедница, транспарентност, одговорност и јавност на услугите, како
   и зајакнување и развој на заедниците преку информирање, едукација, поддршка и помош за
    остварување на граѓанските права за сите подеднакво.

          Главни аспекти на организацијата на јавните услуги се:

           Територијално/просторен аспект   – опфаќа демографски промени, големина на
    населените места и сообраќајна достапност. Од особено влијание се миграцијата, старосната
    структура, стареењето на населението и структурата на домаќинствата во населбите/
    локалните з аедници, економската состојба на домаќинствата и ризикот од сиромаштија и
    социјална исклученост. Промените во бројот на жители, процесите на депопулација и/или
    концентрација, бараат постојано приспособување на формите на услуги во согласност со
    социјалните , економските и технолошките карактеристики;

          Финансиски аспект – побарувачката на услуги се зголемува, што бара проширување
    на изворите на финансирање, како и поттикнување на алтернативни извори на финансирање
    (фондации, донации, партиципација на корисниците и др.);

          Организациски и менаџерски аспект     – вклучување на граѓаните и локалните
    заедници во донесувањето на одлуки за услуги од јавен интерес, односно поврзување на
    давателите на услуги (јавниот сектор, приватниот сектор и организациите на граѓанското
    општество) и  корисниците на услуги во донесувањето на одлуки за воспоставување или
   редефинирање на услугите во локалната заедница;

          Технички и технолошки аспект       –  примена на нови телекомуникациски и
    информатички технологии за подобрување на јавните услуги (услуги на далечина) со акцент
    на подобрување на достапноста на услугите во помалку развиените региони и локални
    заедници преку згол емување на разновидноста и квалитетот на услугите, подобрување на
    интерактивноста и комуникацијата помеѓу корисниците и давателите на услуги и
   подобрување на временската ефикасност и брзината на одговор.

          Класификација на услугите и просторна достапност

          Една од можните класификации на јавните функции, имајќи ја предвид сложеноста
    на секторот за јавни услуги, е на основни услуги и услуги од повисоко ниво:

         1. Основни услуги    –  во кои се остваруваат основните социјални бенефиции
    загарантирани со Уставот: задолжителни основно и средно образование и основна
    здравствена заштита. Покрај овие, основните услуги треба да вклучуваат и предучилишно
    образование и дневни центри. Предучил ишната заштита и грижа за децата ја имаат истата
    функција како и задолжителното образование   - зајакнување на индивидуалните капацитети
    на детето и создавање на услови за социјален напредок и квалитетен живот. Дневните
    центри се облици на обезбедување на ра    злични не стационарни услуги од областа на
    социјалната заштита во непосредна близина на местото на живеење.


                                                                                  210
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":248}>>>
